Псалми 110
110
ПСАЛМ 110
Благодарствена песна за Божјите дарови
1 #
137,1; 149,1 Алилуја! Ќе Те славам, Господи, со сето срце свое,
во советот на преведните и во собранието.
2 #
91,5; Откр 15,3 Големи се делата Господови,
испитани во сите намери Негови.
3 #
111,3.9; Ис 51,6 Славата и велелепието се Негово дело
и правдата Негова останува во вечни векови.
4 #
85,15; 102,8; 111,4 Незаборавни ги направи чудесата Свои.
Милостив и милосрден е Господ;
5 #
104,8
им даде храна на оние што се бојат од Него;
ќе го помни довека заветот Свој.
6 #
Ер 27,5
Силата на делата Свои му ја објави на народот Свој,
за да им го даде наследството од незнабошците.
7 #
18,7; 92,5 Делата на рацете Негови се вистина и суд;
верни се сите заповеди Негови,
8 #
18,9; 148,6; Ис 40,8 утврдени во вечни векови,
засновани на вистина и на чесност.
9 #
104,10; 5 Мојс 28,58; Лк 1,49.68 Избавување му испрати на народот Свој,
го заповеда довека заветот Свој;
свето и страшно е името Негово.
10 #
Јов 28,28; Изреки 1,7; 9,9; Сир 1,16 Стравот од Господа е почеток на мудроста,
а сите што ја исполнуваат, се со добар разум.
Пофалбата Негова останува во вечни векови.
Селектирано:
Псалми 110: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024