Псалми 108
108
ПСАЛМ 108
Молитва за милост од невино обвинетиот
1 #
27,1; 34,22 За крајот. Псалм на Давид.
Боже, пофалбата моја не премолчувај ја;
2зашто устата на грешниот и устата на лукавиот се отворија против мене,
зборуваа против мене со јазик лажлив,
3 #
37,12; 68,4 и со зборови на омраза ме опколија
и војуваа против мене без причина.
4 #
34,13; Ер 18,20 Наместо да ме љубат – ме клеветат,
а јас се молев;
5 #
34,12; 37,20; 1 Мојс 44,4 и наместо добрини, против мене поставија зла,
и омраза, наместо љубовта моја.
6 #
Зах 3,1; Јов 1,6 Постави му над него грешник
и ѓавол нека застане десно од него;
7 #
Изреки 28,9
кога ќе му се суди, нека излезе осуден,
и молитвата негова нека му се земе за грев.
8 #
Дела 1,20
Неговите денови нека бидат малку
и достоинството негово да го земе друг.
9 #
2 Мојс 22,24; Ер 18,21 Синовите негови нека бидат сираци
и жената негова – вдовица;
10Скитајќи, синовите негови нека се преселат и нека просат,
нека бидат изгонети од домовите свои.
11 #
Јов 5,4-5; 19,17 Заемодавецот нека му побара сѐ што поседува
и туѓинци нека го разграбаат трудот негов;
12 #
Ис 14,21
да нема за него заштитник,
ниту да има кој да ги милува сираците негови;
13 #
Јов 18,17.19; Изреки 10,7; Сир 41,11 неговите деца нека бидат за погибел,
во само едно поколение нека се уништи името негово.
14 #
2 Мојс 20,5; Ер 18,23; Плач 1,22 Да се спомне беззаконието на татковците негови пред Господа
и гревот на мајката негова да не се избрише;
15 #
33,16; 89,8; 138,16 секогаш нека бидат пред Господа,
а од земјата да исчезне споменот за нив,
16 #
Јов 20,19
бидејќи не се сети да покаже милост,
и човекот беден и сиромав,
и оној со потиштено срце,
го изгони за да го убие.
17Засака проклетство, тоа и ќе го снајде;
не посака благослов, па тој ќе се оддалечи од него.
18 #
4 Мојс 5,22-24
И облече проклетство како облека,
и како вода тоа влезе во утробата негова
и како масло во коските негови.
19 #
72,6; 75,10 Нека му биде како облека со која се облекува
и како појас со кој засекогаш се препашува.
20Ова е плодот на оние што ме клеветат пред Господа
и на оние што зборуваат злобно против душата моја.
21 #
24,11; 30,3; 78,9; 102,8; 105,8; 142,11; Ис 48,9; Ер 14,7.21; Ез 20,9; 20,13.21.43 А Ти Господи, Господи,
заради името Твое, милостиво постапи со мене,
зашто милоста Твоја е добра.
22 #
39,17; 54,4; 142,4 Избави ме, зашто јас сум сиромав и беден
и срцето мое се растрепери во мене.
23 #
101,11; 143,4; Јов 8,9 Како сенка што опаѓа бев отстранет,
како скакулец бев истресен.
24 #
68,10
Колената мои изнемоштеа од пост
и телото мое се измени лишено од масло.
25 #
21,6-7; Јов 16,4; Мт 27,29 И им станав за прекор;
гледајќи ме, нишаа со главите свои.
26 #
6,4; 69,1 Помогни ми, Господи Боже мој,
и спаси ме според милоста Своја;
27 #
21,31; 63,9 и да познаат дека ова е раката Твоја
и дека Ти, Господи, го направи тоа.
28Тие ќе проколнуваат, а Ти ќе благословуваш;
нека се засрамат оние што се креваат против мене,
а слугата Твој ќе се зарадува.
29 #
34,26; 70,13; Ис 65,13-15; Ер 20,11 Моите клеветници нека се облечат во срам
и како со наметка нека се покријат со срамот свој.
30 #
21,25-26; 70,22-23 Гласно ќе Го славам Господа со устата моја
и среде мноштвото ќе Го фалам,
31 #
7,1; 15,8; 30,15; 109,5; 120,5 зашто застана оддесно на бедниот,
за да ме спаси од оние што ја гонат душата моја.
Селектирано:
Псалми 108: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024