Римјаните 6
6
Мртов за гревот, жив во Христос
1 #
3,5-8; 6,15 И така, што да речеме? Да останеме ли во гревот, за да се умножи благодатта? 2#1 Птр 2,24; 4,1Никако! Како ние, кои сме умреле за гревот, и натаму да живееме во него? 3#Дела 8,16; Гал 3,27; 2 Тим 2,11Зар не знаете дека сите ние што се крстивме во Христос Исус, во Неговата смрт се крстивме. 4#Кол 2,12И така, ние се погребавме со Него преку крштевањето во смртта, за да можеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да зачекориме во нов живот. 5#Ефес 2,6; Фил 3,10-11Зашто, ако сме сраснати во смрт слична на Неговата, тогаш ќе сраснеме и во воскресението, 6#Гал 5,24; Ефес 4,22-24; Кол 3,9-10знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде умртвено гревовното тело, па да не му робуваме на гревот; 7#1 Птр 4,1бидејќи оној што умрел е ослободен од гревот. 8#2 Тим 2,11А ако сме умреле со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме, 9#Дела 13,34; Откр 1,18знаејќи дека Христос, откако воскресна од мртвите, не умира веќе: смртта веќе не господари над Него. 10#Гал 2,19; Евр 9,26-28; 1 Птр 3,18Бидејќи тоа што Тој умре, за гревот умре, еднаш засекогаш, а тоа што живее, за Бога живее. 11#2 Кор 5,15; Гал 2,19; 1 Птр 2,24Па така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, а живи за Бога во Христос Исус, нашиот Господ. 12Гревот, пак, нека не царува во вашето смртно тело, за да не му бидете покорни при страсните желби; 13#6,19и вашите телесни органи не предавајте му ги на гревот како орудија на неправедноста, туку препуштете Му се на Бога како оние што оживеале од мртвите, и вашите телесни органи предадете Му ги на Бога, како орудија на праведноста. 14#Гал 5,18; 1 Јн 3,6Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта.
Робови на праведноста
15 #
6,1
Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Никако! 16#Мт 6,24; Јн 8,34; 2 Птр 2,19Не знаете ли дека, предавајќи се себеси некому како слуги за послушност, му станувате слуги на тој што го слушате: или на гревот – кој води во смрт, или на послушноста – која води кон праведност? 17Но, фала Му на Бога, иако бевте слуги на гревот, од сѐ срце го послушавте оној образец на учење, на кого се предадовте. 18#8,2; Јн 8,23.36; Гал 5,13И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте слуги на праведноста. 19#3,5; 12,1Ви зборувам по човечки поради слабоста на вашата природа. Како што ги препуштивте вашите телесни органи во служба на нечистотата и на беззаконието – за беззаконие, така сега предадете ги вашите органи, во служба на праведноста – за светост. 20Додека му бевте слуги на гревот, бевте слободни од праведноста. 21#7,5; 8,6.13.21И каков плод имавте тогаш од нештата за кои сега се срамите? Бидејќи нивниот крај е смртта. 22#Јн 15,8.16Но сега, кога се ослободивте од гревот и Му станавте слуги на Бога, го имате вашиот плод – за светост, и крајот – животот вечен. 23#5,12.15.21; Гал 6,7-8; Јк 1,15Зашто, платата на гревот, е смрт, а Божјиот дар – вечен живот во Христос Исус, нашиот Господ.
Селектирано:
Римјаните 6: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023