Римјаните 5
5
Во мир со Бог
1 #
3,24.28; Ис 53,5 И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, 2#Ефес 2,14-18преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме во надеж на Божјата слава. 3#Јк 1,2-4; 1 Птр 1,5-7; 4,13-14; Откр 1,9Но не само тоа, туку се фалиме и во маките, знаејќи дека маката раѓа трпение; 4трпението, пак – искуство, а искуството – надеж. 5#Пс 21,4; 24,3.20; 1 Јн 4,13Надежта пак, не посрамотува, зашто Божјата љубов е излеана во нашите срца преку Светиот Дух Кој ни е даден 6#8,32; Јн 3,16-17; Ефес 5,2; 1 Тим 2,6; Тит 2,14; 3,4-7; 1 Птр 3,18; 1 Јн 3,16; 4,10Зашто, уште кога бевме слаби, Христос во одреденото време умре за безбожниците. 7Навистина, тешко некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре. 8Но Бог ја докажа Својата љубов кон нас со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни. 9#1,18; 1 Сол 1,10И уште повеќе сега, кога веќе сме оправдани со Неговата крв, преку Него ќе се спасиме од гневот. 10#2 Кор 5,18-19; Ефес 2,16; Кол 1,20-22Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле. 11А освен тоа, и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого сега добивме помирување.
Адам и Христос
12 #
6,23; 1 Мојс 2,17; 3,6.19; Мудр 2,24; 1 Кор 15,21-22.45; Јк 1,15 Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, така и смртта премина на сите луѓе, зашто сите згрешија. 13#4,15Зашто гревот беше во светот уште пред Законот, но, кога нема закон, гревот не се смета. 14#1 Кор 15,21-22.45А сепак смртта царуваше од Адам до Мојсеј и над оние што не погрешија со прегрешение слично како она на Адам, којшто е праобраз на Оној што требаше да дојде. 15#Мт 20,28; Дела 15,11Но, со благодатниот дар не е како со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Божјата благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина. 16#8,1И она што произлегува од дарот не е како она што стана преку едниот што погрешил, зашто судот заради едниот стана осудување, благодатниот дар, пак, заради многуте прегрешенија стана оправдување. 17#2 Тим 2,12; Откр 20,4-6Зашто, ако со прегрешението на еден смртта царуваше преку едниот, дотолку повеќе оние што го примаат изобилието на благодатта и дарот на праведноста, ќе царуваат во животот преку еден – Исус Христос. 18#1 Кор 15,22И така, како што преку прегрешението на еден дојде осудата врз сите луѓе, така и преку праведното дело на еден дојде врз сите луѓе оправданието, кое дава живот. 19#Ис 53,11; Фил 2,8; Евр 5,8Зашто, како што преку непослушноста на еден човек мнозина станаа грешни, така и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни. 20#7,7-8; Гал 3,19; 1 Тим 1,14Законот, пак, дојде за да се намножи престапувањето; а таму каде што се намножи гревот, преизобилно се излеа благодатта, 21#6,22-23та, како што гревот царуваше со смртта, така и благодатта да царува преку праведноста за вечен живот преку Исус Христос, нашиот Господ.
Селектирано:
Римјаните 5: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023