Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 1

1
Поздрав
1 # Дела 9,15; 26,16-18; 1 Кор 1,1 Павле, слуга на Исус Христос, повикан за апостол, издвоен за Божјото благовестие, 2коешто Бог однапред го беше ветил пре­ку своите пророци во светите Писма, 3#9,5; Откр 22,16за Својот Син, по тело роден од Давидовото потомство, 4#Дела 13,33објавен како Син Божји во силата, по Духот на светоста, преку воскресе­ни­ето од мртвите, Исус Христос, на­шиот Господ, 5#6,15-20; 15,15-18; Дела 9,15; 26,16-18; Гал 2,7.9; 2 Сол 1,8преку Кого примивме благодат и апостолство, та, заради Неговото име да ги приведеме на пос­лушност кон верата сите народи, 6меѓу кои сте и вие, повиканите од Исус Христос, 7#Дела 9,13; 1 Кор 1,2-3; 8,6; 2 Кор 1,1-2; Гал 1,3; 1 Тим 1,2; Тит 1,4; Фил 1,3до сите вас што сте во Рим, возљубени од Бога и повикани да бидете свети: благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос.
Желбата на Павле да ги посети христијаните во Рим
8 # 16,19; 1 Сол 1,8 Пред сѐ, Му благодарам на Мојот Бог, преку Исус Христос, за сите вас, зашто за вашата вера се разгласува по целиот свет; 9#15,16; 2 Кор 1,23; Ефес 1,16; Фил 1,8бидејќи Бог, Кому со својот дух Му служам во благовестието на Неговиот Син, ми е сведок дека непрестајно си спомнувам за вас 10#15,23.32; Дела 19,21секогаш во моите молитви просејќи, со Божја волја, некако да успеам да дојдам кај вас. 11Зашто копнеам да ве видам, па да ви предадам некој духовен дар за да станете поцврсти, 12односно, заемно да се утешиме преку заедничката вера – вашата и мојата. 13#15,22Сакам да знаете, браќа, дека многупати бев на мисла да дојдам кај вас, за да имам некаков плод и помеѓу вас, како што имам и меѓу останатите народи, но сѐ до­се­га бев попречуван. 14#1 Кор 9,16Должник сум им и на Елините и на варварите, и на мудрите и на неразумните. 15Затоа, што се однесува до мене, подготвен сум и вам, кои сте во Рим, да ви го проповедам благовестието.
Моќта на благовестието
16 # 2,9-10; Дела 13,46; 1 Кор 1,18.24 Зашто јас не се срамам од Христовото благовестие, бидејќи тоа е Божја сила за спасение на секого што верува, најпрво на Јудеец, а потоа и на Елин. 17#3,21-26; Ис 56,1; Авак 2,4; Гал 3,11; Фил 3,9; Евр 10,38Бидејќи во него се открива Божјата правда, од вера и во вера, како што е напишано: „Праведникот ќе живее преку верата.“
Слабоста и вината на човештвото
18 # Ефес 5,6; Кол 3,6; 2 Сол 2,12 Зашто Божјиот гнев се открива од небото над секоја безбожност и неправда на луѓето кои вистината ја спречуваат со неправда. 19#Дела 14,15-17Па така, она што може да се знае за Бога, ним им е откриено, бидејќи Бог им го открил. 20#Пс 18,1-3И навистина, она што е во Него невидливо, односно Неговата вечна си­ла и Божественост, уште од создавањето на светот јасно се гледа кај создадените нешта, за тие да немаат изговор. 21#Ефес 4,17-18Зашто, иако Го познаа Бога, тие не Го прославија како Бог, ниту, пак, Му заблагодарија, туку се заблудија во своите помисли, и нивното неразумно срце им се помрачи; 22#Ер 10,14; 1 Кор 1,20тврдејќи дека се мудри, тие обезумија, 23#5 Мојс 4,15-19; Ер 2,11; Пс 105,20; Мудр 11,15; 12,24; Дела 17,29и славата на нераспадливиот Бог ја заменија со лик на распадлив човек, на птици, на четириножни животни и на лазачи. 24#Дела 14,16Затоа Бог, според желбите на нивните срца, ги предаде на нечистота, па меѓусебно да си ги бесчестат своите тела. 25#Ер 16,19-21; 1 Сол 1,9Тие ја заменија Божјата вистина со лага и му се поклонија и му служеа на созданието наместо на Соз­да­те­лот, Кој е благословен довека. Амин! 26Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: нивните жени го заменија природното општење со противприродно. 27И мажите, исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг и вршеа срамни работи мажи со мажи, примајќи ја на себе заслужената отплата за својата заблуда. 28И бидејќи не се потрудија да Го познаат Бога, Бог ги предаде на нивниот изопачен ум – да го прават она што не прилега, 29#1 Кор 5,10-11; 6,9-10; Гал 5,19-21; Ефес 5,3-5; 1 Тим 1,9-10; Тит 3,3; 1 Птр 4,3; Откр 21,8; 22,15исполнети со секаква неправда, блуд, злоба, алчност, лошотија; полни со за­вист, убиства, кавги, измами, злонамерност; 30#2 Тим 3,2-4озборувачи, клеветници, богомрасци, насилници, фалбаџии, горделивци, измислувачи на зло, непослушни кон родителите, 31неразумни, недоверливи, нечувствителни, непомирливи, немилостиви. 32Тие, иако ја познаваат праведната Божја одредба дека оние што вршат такви дела заслужуваат смрт, сепак, не само што самите ги прават, туку ги поддржуваат и другите што ги прават.

Селектирано:

Римјаните 1: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се