Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 2

2
Праведноста на Божјиот суд
1 # Мт 7,2 Затоа, немаш изговор ти човеку, што судиш, кој и да си, зашто за она што го осудуваш другиот самиот себеси се осудуваш, бидејќи ти, што судиш, го вршиш истото. 2А знаеме дека Божјиот суд е вистинит над оние што прават така. 3Зар мислиш, о човеку, дека ќе го из­бегнеш Божјиот суд ти, кој ги осудуваш оние што вршат такви работи, какви што правиш и сам? 4#Мудр 11,23; 2 Птр 3,9-15Или, пак, ја презираш Неговата голема благост, стрпливост и дол­го­трпеливост, не разбирајќи дека Бож­јата благост те води кон покајание? 5#Соф 1,14-18; Дела 7,51Но, поради твојата тврдокорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие пра­ведниот Божји суд, 6#Пс 61,12; Изреки 24,12; Мт 16,27; 1 Кор 3,8; 2 Кор 5,10Кој секому ќе му даде според не­го­вите дела: 7#1 Птр 1,7вечен живот на оние кои со трпение во добрите дела се стремат кон слава, чест и нераспадливост; 8гнев и јарост, пак, на оние што од себичност ѝ се непокорни на вистината, а ѝ се покоруваат на неправдата. 9#1,16Мака и тегоба на секоја човечка ду­ша која прави зло, најпрвин на Јудеец, а потоа и на Елин; 10а слава, чест и мир на секој што прави добро, најнапред на Јудеец, а потоа и на Елин! 11#5 Мојс 10,17; Дела 10,34; Гал 2,6; Ефес 6,9; Кол 3,25; 1 Птр 1,17Зашто кај Бога нема пристрасност. 12Оние што згрешиле без Закон, без Закон ќе загинат; а сите што згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат судени, 13#Лк 8,21; Дела 10,35; Јк 1,22-25; 1 Јн 3,7бидејќи пред Бога не се праведни оние што го слушаат Законот, туку ќе бидат оправдани оние што го исполнуваат Законот. 14Зашто, кога незнабошците, кои немаат Закон, природно ги из­вр­шу­ваат одредбите на Законот, тогаш тие, иако немаат Закон, самите на себе се Закон; 15тие докажуваат дека делото на Законот е запишано во нивните срца, за што сведочи и нивната совест, а и нив­ните помисли кои час ги обвинуваат, час ги одбрануваат, 16#1 Кор 4,5; 2 Тим 2,8за денот, кога, според моето благовестие, Бог преку Исус Христос ќе ги суди тајните на луѓето.
Јудејците и Законот
17 # 3,27; 4,2-3; 5,2; 11,18; Ис 48,1-3; Мт 3,8-9; Јн 8,33; 1 Кор 1,29-31; 2 Кор 1,12; Гал 6,13-14; Ефес 2,9 Ете, ти се нарекуваш Јудеец, се потпираш на Законот, се фа­лиш со Бога, 18#Фил 1,10ја знаеш Неговата волја и знаеш да разликуваш што е подобро, зашто се поучуваш од Законот, 19#Мт 15,14; Јн 9,40-41и убеден си дека самиот ти си водач на слепци, светлина на оние што се во мрак; 20#Лк 18,9-12наставник на неразумни, учител на мали деца, во Законот имаш образец на знаењето и на вистината. 21#Пс 49,16-21; Мт 23,3-4Тогаш како ти, кој учиш дру­ги, себеси не се учиш? 22Ти, кој проповедаш да не се краде, крадеш ли? Ти, кој велиш да не се врши прељуба, прељубодејствуваш ли? Ти, кој се гнасиш од идолите, крадеш ли од хра­мо­вите? 23Ти, кој се фалиш со Законот, не Го бесчестиш ли Бога прес­тапувајќи го Законот? 24#Ис 52,5; Ез 36,20-22; Јк 2,7; 2 Птр 2,2Зашто, како што е напишано: „Поради вас Божјото име се хули меѓу незнабошците“. 25#Ер 4,4; 9,24-25; 1 Кор 7,19; Гал 5,3Обрезанието е навистина полезно, ако го извршуваш Законот. Ако, пак, го прекршуваш Законот, твоето обре­зание станува необрезание. 26И така, ако необрезаниот ги пази одредбите на Законот, нема ли неговото необрезание да се смета како обрезание? 27И необрезаниот по тело, из­вр­шу­вај­ќи го Законот, нема ли да те осуди тебе, кој и покрај Писмо и обрезание си ста­нал престапник на Законот? 28#Јн 8,15.39; Гал 6,15; Ефес 2,11; Фил 3,2Зашто не е Јудеец оној што е таков по надворешност, ниту обрезание е она што е надворешно, врз телото, 29#7,6; 8,2; 5 Мојс 30,6; Ер 4,4; 1 Кор 4,5; 2 Кор 3,6; Кол 2,11туку Јудеец е оној што е внатрешно таков, а обрезание е она што е во срцето, по дух, а не по буква. Неговата пофалба не е од луѓето, туку од Бога.

Селектирано:

Римјаните 2: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се