1
Римјаните 1:16
Нов превод на Новиот Завет 2023
MAK2023
Зашто јас не се срамам од Христовото благовестие, бидејќи тоа е Божја сила за спасение на секого што верува, најпрво на Јудеец, а потоа и на Елин.
Спореди
Истражи Римјаните 1:16
2
Римјаните 1:17
Бидејќи во него се открива Божјата правда, од вера и во вера, како што е напишано: „Праведникот ќе живее преку верата.“
Истражи Римјаните 1:17
3
Римјаните 1:20
И навистина, она што е во Него невидливо, односно Неговата вечна сила и Божественост, уште од создавањето на светот јасно се гледа кај создадените нешта, за тие да немаат изговор.
Истражи Римјаните 1:20
4
Римјаните 1:21
Зашто, иако Го познаа Бога, тие не Го прославија како Бог, ниту, пак, Му заблагодарија, туку се заблудија во своите помисли, и нивното неразумно срце им се помрачи
Истражи Римјаните 1:21
5
Римјаните 1:25
Тие ја заменија Божјата вистина со лага и му се поклонија и му служеа на созданието наместо на Создателот, Кој е благословен довека. Амин!
Истражи Римјаните 1:25
6
Римјаните 1:18
Зашто Божјиот гнев се открива од небото над секоја безбожност и неправда на луѓето кои вистината ја спречуваат со неправда.
Истражи Римјаните 1:18
7
Римјаните 1:26-28
Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: нивните жени го заменија природното општење со противприродно. И мажите, исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг и вршеа срамни работи мажи со мажи, примајќи ја на себе заслужената отплата за својата заблуда. И бидејќи не се потрудија да Го познаат Бога, Бог ги предаде на нивниот изопачен ум – да го прават она што не прилега
Истражи Римјаните 1:26-28
8
Римјаните 1:22-23
тврдејќи дека се мудри, тие обезумија, и славата на нераспадливиот Бог ја заменија со лик на распадлив човек, на птици, на четириножни животни и на лазачи.
Истражи Римјаните 1:22-23
Дома
Библија
Планови
Видеа