Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Јован 1

1
Поздрав
1 # Јн 8,32; Ефес 4,15; 1 Птр 5,13; 1 Јн 2,21; 3,18; 3 Јн 1,1 Од презвитерот до избраната госпоѓа и нејзините чеда, кои јас ги љубам во вистината, – и не само јас, туку и сите што ја познаа вистината; 2#Јн 14,16-17заради вистината која престојува во нас и ќе биде со нас довека. 3#1 Тим 1,2; 2 Тим 1,2 Нека бидат со нас благодатта, милоста и мирот од Бог Отецот и од Гос­под Исус Христос, Синот на Отецот, во вистина и љубов!
Заповед на љубовта
4 # Јн 13,34; Фил 1,7; 1 Јн 3,19; 3 Јн 1,3 Многу се зарадував, зашто видов дека не­кои од твоите чеда одат во вистината, онака како што примивме заповед од Отецот. 5#1 Птр 4,8; 1 Јн 2,7-11И сега те молам, госпоѓо, не како да ти пишувам нова заповед, туку онаа што ја имавме од почетокот: Да се љубиме ед­ни со други. 6#1 Јн 3,23; 5,3А ова е љубовта: да одиме по Неговите заповеди. Тоа е заповедта, што ја чувте во почетокот, за да постапувате според неа.
Антихристи
7 # 2 Птр 2,1; 1 Јн 2,18.22; 4,1-3 Бидејќи во светот влегоа мнозина из­мамници, кои не Го исповедаат Исус Христос, дојдениот во тело. Таквиот е измамник, антихрист. 8#Рута 2,18; Мт 10,42Пазете се, за да не го изгубиме она за кое сме се труделе, туку да добиеме пол­на награда. 9#1 Јн 2,23-24Секој што оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го нема Бог; кој останува во Христовото учење, тој Ги има и Отецот и Синот. 10#Мт 10,14; Рим 16,17; Тит 3,10Ако некој дојде кај вас и не го носи тоа учење, не примајте го во вашиот дом и не поздравувајте го; 11#1 Тим 5,22; Откр 18,4зашто оној што го поздравува, учествува во неговите лоши дела.
Поздрави
12 # 1 Јн 1,4; 3 Јн 1,13-14 Имам многу да ви пи­шу­вам, но не сакав на хартија и со мастило, зашто се надевам дека ќе дојдам кај вас и дека ќе зборуваме лице в лице, за радоста да ни биде полна. 13Те поздравуваат чедата на твојата избрана сестра. Амин!

Селектирано:

2 Јован 1: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се