Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 5

5
Верувањето во Синот Божји – корен на љубовта
1 # 2,29; 4,7; 1 Птр 1,22-23 Секој што верува дека Исус е Христос, е роден од Бога, и секој што Го љуби Оној што родил, Го љуби и Родениот од Него. 2#Рим 13,9По ова знаеме дека ги љубиме Божјите че­да­, кога Го љубиме Бог и ги из­вршуваме Неговите заповеди. 3Бидејќи љубовта кон Бог се состои во ова: да ги пазиме Неговите заповеди, а Неговите заповеди не се тешки. 4Зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – нашата вера. 5#1 Кор 15,57; Ефес 6,16Кој го победува светот, ако не оној кој верува дека Исус е Син Божји? 6#2,20.27; Јн 14,17; 15,26; 19,34Тоа е Исус Христос, Кој дојде преку вода и крв – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистината. 7Зашто три се, кои сведочат: 8духот, водата и крвта; и тие три се во едно. 9Ако го примаме човечкото све­дош­тво, Божјото сведоштво е поголемо, би­дејќи тоа е Божјо сведоштво, со кое Тој посведочи за Својот Син. 10#Јн 5,24.37Кој верува во Синот Божји, тој го има тоа сведоштво во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, заш­то не поверувал во сведоштвото со кое Бог посведочил за Својот Син. 11#1,2; 5,20; Јн 17,3А ова е сведоштвото: Бог ни да­рувал вечен живот, и тој живот е во Не­говиот Син. 12#Јн 3,36Оној што Го има Синот, го има и животот; а оној што Го нема Синот Божји, го нема животот.
Епилог
13 # Јн 1,12; 20,31 Ова ви го напишав вам, што верува­те во името на Синот Божји, за да зна­ете дека имате вечен живот и да верува­те во името на Синот Божји. 14#3,22; Јн 14,13-14А ова е смелоста што ја имаме пред Него: да нѐ послуша ако побараме нешто по Неговата волја. 15#Мт 21,22; Јн 14,13; 15,7; 16,24; Јк 1,5Ако знаеме дека нѐ слуша кога нешто бараме, знаеме дека ќе до­биеме, што и да сме побарале од Него. 16#4 Мојс 15,30; 18,22Ако некој го види брата си да греши со грев што не е за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, – односно на оние што не грешат за смрт. А има и грев за смрт: за тој грев не велам да се моли. 17Секоја неправда е грев, но има грев што не е за смрт. 18Знаеме дека секој што е роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него. 19#Јн 8,47; Кол 1,13Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло. 20#Ер 24,7; Јн 17,3; 20,28Знаеме, исто така, дека Синот Божји дојде и ни даде разум, за да Го познаеме Вистинскиот; и ние престојуваме во Вистинскиот – во Не­го­виот Син Исус Христос. Тој е вистинскиот Бог и вечен живот. 21Чеда, пазете се од идолите. Амин!

Селектирано:

1 Јован 5: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се