3 Јован 1
1
Поздрав
1 #
2 Јн 1,1
Од презвитерот до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината. 2Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на твојата душа.
Пофалба за добродетелството
3 #
Фил 1,5; 1 Јн 3,19 Зашто многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата вистина – односно како ти одиш во вистината. 4#2 Јн 1,4За мене нема поголема радост од тоа – да слушнам дека моите чеда одат во вистината. 5#Мт 10,41-42Возљубен, ти постапуваш верно во сето она што го правиш за браќата и придојдените. 6#Рим 15,24; Тит 3,13Тие ја посведочија твојата љубов пред црквата. Добро ќе направиш ако ги испратиш како што прилега пред Бога. 7Бидејќи заради Неговото име тргнаа, не земајќи ништо од незнабошците. 8#Мт 18,5; Рим 12,13; Евр 13,2; 1 Птр 4,9Затоа, ние сме должни да ги примаме таквите, за да станеме сотрудници на вистината.
Властољубието на Диотреф
9 #
Мт 20,27; Фил 2,3 Јас ѝ напишав на црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прима. 10#1 Кор 4,18-21; 1 Птр 5,3Затоа, ако дојдам, ќе му напомнам за делата што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е доволно, туку браќата и сам не ги прима, а им забранува и на оние што сакаат да ги примаат и ги гони од Црквата. 11#1 Птр 3,11; 1 Јн 3,6Возљубен, не угледувај се на злото, туку на доброто. Кој прави добро, од Бог е; а кој прави зло, не Го видел Бога. 12#Изреки 22,1; Јн 19,35; 21,24; 1 Птр 2,12; 1 Јн 5,6За Димитриј посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме и ние; а вие знаете дека нашето сведоштво е вистинито.
Завршни поздрави
13 #
2 Јн 1,12
Многу имав да ти пишувам, но не сакав да ти напишам со мастило и перо, 14зашто се надевам дека наскоро ќе те видам, и дека ќе позборуваме лице в лице. 15Мир на тебе! Те поздравуваат пријателите. Поздрави ги пријателите по име. Амин!
Селектирано:
3 Јован 1: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023