2 Коринтјаните 5
5
1 #
Ис 38,12; Јов 4,19; Мудр 9,15; 2 Птр 1,13 Знаеме дека ако нашето земно живеалиште – нашето тело, што е како шатор – се сруши, сепак од Бога имаме здание, неракотворен вечен дом на небесата. 2#Рим 8,23; 1 Кор 15,53Бидејќи во него воздивнуваме, копнеејќи да се облечеме во своето небесно живеалиште; 3#1 Кор 15,53; 1 Сол 4,15и доколку навистина бидеме облечени, нема да се најдеме голи. 4Зашто и ние, наоѓајќи се во овој шатор, воздивнуваме обременети; бидејќи не сакаме да бидеме соблечени, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното. 5#1,22; Рим 8,23А Бог, Кој нѐ создаде токму за ова, ни го даде и залогот на Духот. 6#1 Птр 1,1И затоа, секогаш сме смели, иако знаеме дека сѐ додека живееме во телото, ние сме далеку од Господ, 7#Рим 8,24; 1 Кор 13,12; Евр 11,13бидејќи живееме според верата, а не според гледањето. 8#Фил 1,21-23Но смели сме и претпочитме да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ. 9Затоа и се стремиме да Му бидеме угодни, било да престојуваме во телото или да го напуштаме. 10#Мт 25,19.31; Јн 5,27; Рим 14,10; 1 Кор 3,11-15; Ефес 6,8; Евр 11,6Зашто сите треба да се појавиме пред Христовиот судски престол, та секој да прими што заслужил, според она што го извршил во своето тело, било тоа да е добро или зло.
Измирување со Бога преку Христос
11 #
1,13; 4,2 Така, знаејќи го стравот Господов, ние ги уверуваме луѓето, а на Бога сме Му добро познати: се надевам дека сум познат и на вашата совест. 12#3,1Но не ви се нудиме себеси повторно, туку ви даваме повод вие да се фалите со нас, та да имате одговор пред оние кои се фалат со тоа што е на лицето, а не со тоа што е во срцето. 13Зашто, ако сме се избезумиле, тоа е заради Бога; ако сме присебни, тоа е заради вас. 14#Рим 5,18; 6,4-11; Гал 2,20Бидејќи Христовата љубов нѐ опфаќа кога вака расудуваме: ако еден умрел за сите, тогаш сите умреле. 15#Рим 6,11; 14,7-8А Тој умре за сите, та живите веќе да живеат не за себе, туку за Оној што умре за нив и воскресна. 16#Рим 1,3; 7,5; 9,5Затоа ние отсега никого не познаваме по тело; иако и Христос Го познавме по тело, сега веќе не Го познаваме така. 17#Ис 43,18-19; Гал 6,15Па оттаму, ако некој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, сѐ стана ново. 18#Рим 5,10А сѐ е од Бога, Кој нѐ измири со Себе преку Исус Христос и ни го довери служењето на тоа измирување. 19#Кол 1,20Зашто Бог го измири светот со Себе преку Христос, не земајќи ги предвид престапите на луѓето, и го положи во нас словото на измирување. 20#Ефес 6,20Па така, како Бог умилно да бара преку нас – Христовите намесници, ве молиме во името на Христос: помирете се со Бога! 21#Ис 53,5-12; Рим 1,17; 8,3; 1 Кор 1,30; Гал 3,13; Фил 3,9; 1 Птр 2,24; 1 Јн 3,5Зашто Оној што не го позна гревот, Бог Го направи грев заради нас, за преку Него да станеме Божја праведност.
Селектирано:
2 Коринтјаните 5: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: