2 Коринтјаните 4
4
Христос е присутен во апостолското служење
1 #
Рим 1,16
Затоа, имајќи ја оваа служба, според милоста што ни е дадена, ние не паѓаме со духот; 2#1 Сол 2,4-5туку се одрековме од прикриени срамни дела, не постапуваме лукаво, ниту го изопачуваме словото Божјо, туку преку објавувањето на вистината се препорачуваме на совеста на секој човек пред Бога. 3#2 Сол 2,10Дури и ако е покриено нашето благовестие, тоа е покриено за оние што пропаѓаат; 4#Рим 8,29; 2 Сол 2,11за оние, на кои богот од овој свет им ги заслепил нивните неверни умови, за да не ги осветли светлината на благовестието за славата на Христос, Кој е образ на Бога. 5Зашто ние не се проповедаме себеси, туку Господ Исус Христос, а себеси, заради Исус, се сметаме за ваши слуги. 6#3,18; 1 Мојс 1,3; Ис 9,2; Јн 8,12; Рим 3,23; Ефес 1,18; Евр 1,3; 1 Птр 2,9Зашто Бог, Кој беше рекол светлината да блесне од темнината, Тој ги озари нашите срца, за познанието на Божјата слава да свети во лицето на Исус Христос. 7#12,9Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас. 8#1,8; 6,4-10; 7,5; 1 Кор 4,9-13Од секаде сме угнетувани, но не сме потиштени; во недоумица сме, но не губиме надеж; 9#1 Кор 15,31; Фил 3,10нѐ гонат, но не сме напуштени; нѐ соборуваат, но не сме уништени. 10#Пс 115,1; Кол 1,24И секогаш во нашето тело ја носиме смртта на Господ Исус, та и Исусовиот живот да се открие во нашето тело. 11#1 Кор 15,31Зашто ние, живите, постојано сме изложувани на смрт заради Исус, та и Исусовиот живот да се открие во нашето смртно тело. 12Така, смртта дејствува во нас, а животот – во вас. 13#Пс 115,4А бидејќи го имаме тој ист дух на верата, како што е напишано: „Поверував и затоа говорев“, и ние веруваме, па затоа и говориме, 14#Рим 1,4; 8,11бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе нѐ воскресне преку Исус и ќе нѐ постави со вас. 15#1,11Зашто сѐ е заради вас, та благодатта, умножена преку мнозина, да направи да биде изобилна благодарноста, во слава на Бога.
Увереност во воскресението пред стравот од смртта
16 #
Рим 7,22; Кол 3,9 Затоа ние не паѓаме со духот; туку, дури и ако нашиот надворешен човек се распаѓа, внатрешниот од ден на ден се обновува. 17#Мт 5,11-12; Рим 8,17-18; Евр 12,11; 1 Птр 1,6Зашто нашето краткотрајно лесно страдање ни носи преумножена и преобилна вечна слава, 18#5,7; Рим 8,24-25; Кол 1,16; Евр 11,1.3зашто ние гледаме не кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи видливото е времено, а невидливото – вечно.
Селектирано:
2 Коринтјаните 4: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: