Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 5

5
1 # Ис 38,12; Јов 4,19; Мудр 9,15; 2 Птр 1,13 Знаеме дека ако нашето земно жи­веалиште – нашето тело, што е како шатор – се сруши, сепак од Бога имаме здание, неракотворен вечен дом на небесата. 2#Рим 8,23; 1 Кор 15,53Бидејќи во него воздивнуваме, копне­ејќи да се облечеме во своето небесно живеалиште; 3#1 Кор 15,53; 1 Сол 4,15и доколку навистина бидеме облечени, нема да се најдеме голи. 4Зашто и ние, наоѓајќи се во овој шатор, воздивнуваме обременети; бидејќи не сакаме да бидеме соблечени, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното. 5#1,22; Рим 8,23А Бог, Кој нѐ создаде токму за ова, ни го даде и залогот на Духот. 6#1 Птр 1,1И затоа, секогаш сме смели, иако знаеме дека сѐ додека живееме во телото, ние сме далеку од Господ, 7#Рим 8,24; 1 Кор 13,12; Евр 11,13бидејќи живееме според верата, а не според гледањето. 8#Фил 1,21-23Но смели сме и претпочитме да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ. 9Затоа и се стремиме да Му бидеме угодни, било да престојуваме во телото или да го напуштаме. 10#Мт 25,19.31; Јн 5,27; Рим 14,10; 1 Кор 3,11-15; Ефес 6,8; Евр 11,6Зашто сите треба да се појавиме пред Христовиот судски престол, та секој да прими што заслужил, според она што го из­вр­шил во своето тело, било тоа да е добро или зло.
Измирување со Бога преку Христос
11 # 1,13; 4,2 Така, знаејќи го стравот Господов, ние ги уверуваме луѓето, а на Бога сме Му добро познати: се надевам дека сум познат и на вашата совест. 12#3,1Но не ви се нудиме себеси повторно, туку ви даваме повод вие да се фалите со нас, та да имате одговор пред оние кои се фалат со тоа што е на лицето, а не со тоа што е во срцето. 13Зашто, ако сме се избезумиле, тоа е заради Бога; ако сме присебни, тоа е заради вас. 14#Рим 5,18; 6,4-11; Гал 2,20Бидејќи Христовата љубов нѐ опфаќа кога вака расудуваме: ако еден умрел за сите, тогаш сите умреле. 15#Рим 6,11; 14,7-8А Тој умре за сите, та живите веќе да живеат не за себе, туку за Оној што умре за нив и воскресна. 16#Рим 1,3; 7,5; 9,5Затоа ние отсега никого не позна­ва­ме по тело; иако и Христос Го познавме по тело, сега веќе не Го познаваме така. 17#Ис 43,18-19; Гал 6,15Па оттаму, ако некој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, сѐ стана ново. 18#Рим 5,10А сѐ е од Бога, Кој нѐ измири со Себе преку Исус Христос и ни го довери слу­же­њето на тоа измирување. 19#Кол 1,20Зашто Бог го измири светот со Себе преку Христос, не земајќи ги предвид престапите на луѓето, и го положи во нас словото на измирување. 20#Ефес 6,20Па така, како Бог умилно да бара преку нас – Христовите намесници, ве молиме во името на Христос: помирете се со Бога! 21#Ис 53,5-12; Рим 1,17; 8,3; 1 Кор 1,30; Гал 3,13; Фил 3,9; 1 Птр 2,24; 1 Јн 3,5Зашто Оној што не го позна гревот, Бог Го направи грев заради нас, за преку Него да станеме Божја праведност.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се