2 Коринтјаните 6
6
Апостолот Павле охрабрува со својот пример
1 #
1 Кор 3,9
Како Христови соработници, ве молиме да не ја примате напразно Божјата благодат. 2#Ис 49,8Зашто Тој вели: „Во благопријатно време те услишав и во денот на спасението ти помогнав.“ Еве, сега е благопријатното време; еве, сега е денот на спасението! 3#8,21Никому никаков повод за соблазна не даваме, за да не биде презрено нашето служење, 4#4,8-10; 1 Кор 4,9-13туку во сѐ се покажуваме како Божји служители: во големо трпение, во неволји, во нужди, во тегоби, 5при удирања, во затвори, во бунтови, во напори, во бденија, во пости, 6#Рим 12,9; Гал 5,22во чистота, во знаење, во долготрпеливост, во добрина, во Светиот Дух, во нелицемерна љубов, 7#10,4; Рим 13,12; Ефес 6,11во слово на вистината, во Божја сила, преку оружјето на правдата во десната и во левата рака, 8#1 Кор 7,29-31низ слава и понижување, низ кудење и пофалби; нѐ сметаат за измамници, а ние сме вистинити; 9#4,11за непознати, а добро сме познати; како да сме на умирање, а ете – живи сме; како казнети, но не убиени; 10#8,9; Рим 8,32; 1 Кор 1,7; Фил 4,12 како нажалени, а секогаш сме весели; како сиромашни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сѐ имаме. 11#7,3; Пс 118,32Нашата уста се отвори за вас, Коринтјани, нашето срце се рашири. 12Не ви е тесно во нас, туку тесно ви е во вашите срца. 13#1 Кор 4,14 Ви зборувам како на чеда: за возврат, бидете широки и вие.
Неопходен избор
14 #
5 Мојс 22,10; Јн 8,12 Не впрегнувајте се заедно со неверниците; бидејќи што има заедничко меѓу праведноста и беззаконието? Или каква заедница има светлината со темнината? 15#5 Мојс 13,13Какво согласие може да има меѓу Христос и Велијар? Или, што има заедничко меѓу верник и неверник? 16#3 Мојс 26,11-12; Ер 32,38; Ез 37,27; 1 Кор 3,16; 6,19Каква согласност има Божјиот храм со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе се вселам среде нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.“ 17#Ис 52,11; Ер 51,45; Ез 20,34; 20,41; Откр 18,4„Затоа излезете од нивната средина и одделете се“, вели Господ, „Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам! 18#2 Цар 7,8; 7,14; Ис 43,6; Ер 31,9; Ос 1,10И Јас ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки“, вели Господ Седржителот.
Селектирано:
2 Коринтјаните 6: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: