1
2 Коринтјаните 5:17
Нов превод на Новиот Завет 2023
MAK2023
Па оттаму, ако некој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, сѐ стана ново.
Спореди
Истражи 2 Коринтјаните 5:17
2
2 Коринтјаните 5:21
Зашто Оној што не го позна гревот, Бог Го направи грев заради нас, за преку Него да станеме Божја праведност.
Истражи 2 Коринтјаните 5:21
3
2 Коринтјаните 5:7
бидејќи живееме според верата, а не според гледањето.
Истражи 2 Коринтјаните 5:7
4
2 Коринтјаните 5:18-19
А сѐ е од Бога, Кој нѐ измири со Себе преку Исус Христос и ни го довери служењето на тоа измирување. Зашто Бог го измири светот со Себе преку Христос, не земајќи ги предвид престапите на луѓето, и го положи во нас словото на измирување.
Истражи 2 Коринтјаните 5:18-19
5
2 Коринтјаните 5:20
Па така, како Бог умилно да бара преку нас – Христовите намесници, ве молиме во името на Христос: помирете се со Бога!
Истражи 2 Коринтјаните 5:20
6
2 Коринтјаните 5:15-16
А Тој умре за сите, та живите веќе да живеат не за себе, туку за Оној што умре за нив и воскресна. Затоа ние отсега никого не познаваме по тело; иако и Христос Го познавме по тело, сега веќе не Го познаваме така.
Истражи 2 Коринтјаните 5:15-16
7
2 Коринтјаните 5:14
Бидејќи Христовата љубов нѐ опфаќа кога вака расудуваме: ако еден умрел за сите, тогаш сите умреле.
Истражи 2 Коринтјаните 5:14
Дома
Библија
Планови
Видеа