Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 13

13
Последни напомени и поздрави
1 # 12,14; 5 Мојс 19,15; Мт 18,16; 1 Тим 5,19 Ова е третпат како доаѓам кај вас: „Од устата на двајца или тројца сведоци ќе се потврди секој збор.“ 2#10,11; 12,21Како што ве предупредив, кога бев по вторпат кај вас, така и сега, кога не сум меѓу вас, ги предупредувам оние кои претходно погрешија и сите останати, дека ако дојдам пак, нема да бидам попустлив; 3#3,5-6штом вие барате доказ дека во мене зборува Христос, Кој кон вас не е немоќен, туку е силен меѓу вас. 4#Рим 1,4; 6,8-11; 8,11Зашто, иако беше распнат во немоќ, Тој е жив преку Божјата сила. Па така ние сме слаби во Него, но ќе бидеме живи со Него, преку Божјата сила меѓу вас. 5#1 Кор 11,28; Гал 6,4Испитувајте се себеси дали сте во верата! Сами проверувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен ако сте недостојни. 6А за нас, се надеваме дека ќе раз­бе­рете дека ние не сме недостојни. 7Му се молиме на Бога да не правите никакво зло; не за ние да се покажеме ка­ко достојни, туку за вие да го правите она што е добро, па макар ние да се покажеме како недостојни. 8#Дела 4,20; 1 Кор 13,6Зашто ние сме силни не против вис­тината, туку за вистината. 9Се радуваме кога ние сме слаби, а вие силни. За тоа и се молиме – за вашето усовршување. 10#10,8; 10,11; Ер 1,10Овие работи ви ги пишувам додека сум далеку од вас; па, кога ќе дојдам кај вас, да не употребам строгост според власта која ми ја даде Господ за надградување, а не за рушење. 11#Рим 15,5.33; Ефес 4,2.3; Фил 3,1; 4,4И така, браќа, радувајте се, усо­вр­шувајте се, утешувајте се, бидете едно­мислени, живејте во мир – и Бог на љу­бовта и на мирот ќе биде со вас. 12#Рим 16,16; 1 Кор 16,20; 1 Сол 5,26Поздравете се еден со друг со свет целив. Ве поздравуваат сите све­тии. 13#Фил 2,1Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и заедницата на Светиот Дух нека би­дат со сите вас. Амин!

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се