Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 1

1
Поздрав
1 # Рим 1,1.4 Павле, апостол, повикан не од луѓе, ниту преку човек, туку преку Исус Христос и Бога Отецот, Кој Го воскресна од мртвите, 2#Дела 16,6; 18,23; 1 Кор 16,1; 2 Тим 4,10; 1 Птр 1,1и сите браќа што се со мене, до црквите во Галатија: 3#Рим 1,7благодат и мир вам од Бога Отецот и од нашиот Господ Исус Христос, 4#2,20; Дела 2,40; 1 Тим 2,6; Тит 2,14; 1 Јн 5,19Кој се даде Себеси за нашите гревови, за да нѐ избави од сегашниот зол свет, по волјата на нашиот Бог и Отец, 5#Рим 16,24Кому нека е слава во вечни ве­кови. Амин!
Едно благовестие
6 # 1,15; 5,8; Рим 1,6; 2 Кор 11,4; 2 Сол 2,2 Се чудам што толку брзо се одвраќате од Оној Кој ве повика во Христовата благодат, и преминувате кон друго благовестие, 7зашто, всушност и нема друго благовестие, но има такви кои ве збунуваат и сакаат да го изопачат Христовото благовестие. 8#1 Кор 16,22; 2 Кор 11,4Но дури и ако и ние или ангел од небото ви благовести спротивно на она што ви го благовестевме, нека биде проклет! 9Како што рековме порано, и сега повторувам: оној што ви благовести некое поинакво благовестие од она што го примивте – нека биде проклет! 10#1 Сол 2,4За луѓето ли се застапувам сега, или за Бога? Или, пак, на сите луѓе сакам да им угодувам? Зашто ако сакав да им угодувам на луѓе, немаше да бидам Христов слуга.
Повикувањето на Павле за апостол
11 # 1 Сол 2,13 Браќа, ви давам до знаење дека благовестието, кое јас го проповедав, не е од лу­ѓе, 12#Мт 16,17зашто јас ниту сум го примил, ниту сум го научил од човек, туку преку от­кровение на Исус Христос. 13#Дела 8,3; 22,2-5; 26,9-11; 1 Кор 15,9; Фил 3,6Сте слушале и за моето некогашно поведение во јудејството – дека пре­ку­мерно ја гонев Божјата Црква и ја ра­зо­рував; 14#Мк 7,3; Дела 22,3и дека напредувајќи во јудејството надминав многу врсници од мојот род, бидејќи бев голем ревнител за тат­ков­ските преданија. 15#1,6; Ис 49,1; Ер 1,5; Рим 1,1; 1 Кор 15,10Но, кога Бог, Кој ме избра уште од мајчина утроба и ме повика преку Сво­јата благодат, благоволи 16#2,7; Дела 22,6-10.21; 26,13-18; 1 Кор 9,1; 2 Кор 4,6во мене да Го открие Својот Син за да Го благовестам меѓу незна­бошците, јас во тој момент не прашав ни тело ни крв, 17ниту, пак, се искачив во Ерусалим кај оние што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск. 18#Дела 9,26-30А три години подоцна, отидов во Ерусалим за да се видам со Петар, и останав кај него петнаесет дена. 19#Мк 6,3Од апостолите, пак, не видов ни­кого освен Јаков, братот Господов. 20#Рим 1,9За она што ви пишувам, еве, пред Бога велам дека не лажам. 21#Дела 9,20; 11,13.26-28Потоа дојдов во Сириските и Киликиски краеви. 22На Христовите цркви во Јудеја лично не им бев познат, 23туку само беа слушале дека оној, кој некогаш ги гонел, сега ја благовести верата што порано ја разорувал. 24И Го прославуваа Бога поради мене.

Селектирано:

Галатјаните 1: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се