2 Коринтјаните 12
12
Виденијата и откровенијата потврдени од Павле
1Да се фалам, не ми е од полза, затоа ќе минам кон виденија и откровенија Господови. 2Знам еден човек во Христос, кој пред четиринаесет години, во тело ли – не знам; вон тело ли – не знам, Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо. 3#2 Мојс 33,20И знам дека тој човек, во тело или вон тело – не знам, Бог знае, 4#Лк 23,43; Дела 2,7беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неизречливи зборови, кои човек не смее да ги каже. 5#11,16Со таков човек ќе се пофалам, а со себеси нема да се пофалам, освен со моите слабости. 6Зашто, дури и ако би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би ја кажал вистината. Но се воздржувам, да не би некој да помисли за мене дека сум повеќе од она што го гледа во мене или го слуша од мене. 7#11,28; Рим 9,2И за да не се превознесувам поради премногуте откровенија, во телото ми се даде трн, сатанин ангел, да ме мачи, за да не се превознесувам. 8#Мт 26,39-44Затоа трипати Го молев Господ да го отстрани од мене. 9#4,7; Ис 40,29Но Тој ми рече: „Доволна ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила потполно се покажува во слабоста.“ Оттаму, од сѐ срце ќе се фалам со своите слабости, за Христовата сила да се всели во мене. 10#7,4; Фил 4,13; Кол 1,24.29Затоа сум радосен во слабости, во навредување, во маки, во прогонување, во тегоба заради Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.
Павле повторно вознемирен
11 #
11,5; 1 Кор 15,10 Фалејќи се станав безумен! Вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофалите, зашто со ништо не сум подолен од надапостолите, иако сум ништо. 12#Дела 1,8; Рим 15,19; 1 Кор 2,4; 1 Сол 1,5Зашто знаците на апостолите се извршија меѓу вас во секаква трпеливост, во знаци, чуда и силни дела. 13#11,9Па во што сте подолни од останатите цркви, освен по тоа што јас не ви бев товар? Простете ми за таа неправда! 14#13,1Еве, спремен сум да дојдам кај вас по третпат и пак нема да паднам на ваш товар; зашто јас не го барам вашето, туку вас. Зашто не децата се должни да печалат за родителите, туку родителите за децата. 15#Фил 2,17А јас од сѐ срце ќе дадам, па и себеси целосно ќе се оддадам за вашите души. Иако јас премногу ве љубам, вие многу помалку ме љубите. 16Но нека биде така! Јас не ви додевав; само, бидејќи итар, ве добив на измама. 17#12,13Да не сум ве искористил можеби преку оние што ги испраќав кај вас? 18#8,16-22Го замолив Тит, а со него го испратив и еден од браќата. Да не ве искористи можеби Тит во нешто? Не одевме ли во истиот дух? Не одевме ли по истите стапки? 19#2,17; 3,1Уште ли мислите дека пред вас се оправдуваме? Ние зборуваме пред Бога, во Христос, и сето тоа, возљубени, е за ваше изградување. 20#10,11; Рим 1,29; 1 Кор 4,6Бидејќи се плашам дека, кога ќе дојдам, можеби нема да ве најдам такви какви што сакам; а и дека вие нема да ме најдете таков каков што сакате; дека меѓу вас, можеби, ќе има кавги, завист, јарост, препирки, сплетки, озборувања, надмености, безредија. 21#2,1; 13,2Се плашам, кога повторно ќе дојдам, да не ме понизи мојот Бог пред вас, и да не треба да оплакувам мнозина од оние кои претходно погрешиле и не се покајале за нечистотијата, блудот и развратот што ги направиле.
Селектирано:
2 Коринтјаните 12: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023