Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 10

10
Опомени против идолите
1 # 2 Мојс 13,21; 14,22; Пс 104,39 Браќа, не сакам да не знаете дека сите наши татковци беа под облак и сите минаа преку морето, 2и сите во Мојсеј се крстија во об­ла­кот и во морето; 3#2 Мојс 16,4.35; 5 Мојс 8,3; Пс 77,24-25; Јн 6,49и сите јадеа иста духовна храна; 4#2 Мојс 17,6; 4 Мојс 20,7-11; Пс 77,15-16и сите пиеја исто духовно пиење; зашто пиеја од духовната карпа, што ги придружуваше; а таа карпа беше Хрис­тос. 5#4 Мојс 14,29; Пс 77,31; Евр 3,17; Јуда 1,5Но повеќето од нив не му беа угодни на Бога, затоа загинаа во пустината. 6#4 Мојс 11,4.34; Пс 105,14А тоа беа примери за нас, за да не бидеме похотливи по злото, како што тие беа похотливи. 7#2 Мојс 32,6Не бидете ниту идолопоклоници, ка­ко некои од нив, за кои е напишано: „Народот седна да јаде и да пие, па ста­на да игра.“ 8#4 Мојс 25И да не блудничиме, како некои од нив што блудничеа, и во еден ден загинаа дваесет и три илјади. 9#4 Мојс 21,5-6; Мт 4,7И да не Го искушуваме Христос, ка­ко што Го искушуваа некои од нив, па за­гинаа од змии. 10#2 Мојс 16,2; 4 Мојс 14,2.36; 16,49; 17,6; Евр 3,8-11Немојте ниту да мрморите, како што мрмореа некои од нив, па загинаа од Истре­би­телот. 11#9,9-10; 1 Птр 4,7; 1 Јн 2,18Сето тоа ним им се случуваше за да послужи за пример, а беше запишано за да нѐ опомене нас, до кои стигна крајот на вековите. 12#Рим 11,20; Гал 6,1Па така, оној што мисли дека стои, нека пази да не падне. 13#1,9; 1 Сол 5,24; 2 Сол 3,3; Евр 10,23; 2 Птр 2,9Никакво искушение не ве зафати, освен човечкото; но верен е Бог, Кој нема да допушти да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со ис­ку­шението ќе ви даде и излез, за да мо­же­те да издржите. 14#1 Јн 5,21Затоа, возљубени мои, бегајте од идолопоклонството. 15Ви зборувам како на разумни: расу­дете сами за ова што ви го кажувам, 16#Мт 26,27-28; Дела 2,42Чашата на благословот, која ја бла­гословуваме, не е ли заедница со крв­та Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедница со телото Христово? 17#Рим 12,5; Ефес 1,23; 4,4.25; 5,30Бидејќи лебот е еден, едно те­ло сме и ние многуте, зашто сите сме причесници од еден леб. 18#3 Мојс 7,6Видете го Израил по тело: оние што јадат од жртвите, не се ли причесници на жртвеникот? 19Но што всушност да кажам? Дека идолот е нешто, или дека идолските жртви се нешто? 20#3 Мојс 17,7; 5 Мојс 32,17; Пс 105,37; Откр 9,20Не! Туку она што го жртвуваат незнабошците, го жртвуваат на демони, а не на Бога; а јас не сакам да бидете во заедница со демоните. 21#2 Кор 6,15-16Не можете да пиете од Господовата чаша и од чашата на демоните; не мо­жете да учествувате на Господовата тр­пеза и на трпезата на демоните. 22#5 Мојс 32,21; Ис 45,9Или сакаме да побудиме љубомора кај Господ? Та посилни ли сме од Него?
Да се постапува целосно за слава на Бога
23 # 6,12 Сѐ ми е допуштено, но не е сѐ полез­но. Сѐ ми е допуштено, но не е сѐ за надградба. 24#Рим 14,19; Фил 2,21Никој нека не ја бара својата полза, туку ползата на другиот. 25Сѐ што се продава на пазар, јадете без никакво испитување поради совеста; 26#Пс 23,1; 49,12зашто „Господова е земјата и сѐ што ја исполнува.“ 27Ако некој од неверните ве покани и вие посакате да отидете, јадете сѐ што ќе ви изнесат, без никакво испитување поради совеста. 28#Рим 14,14.15Но, ако некој ви рече: тоа е идолска жртва, не јадете – заради оној што ви го рекол тоа, и заради совеста. Зашто „Господова е земјата и сѐ што ја ис­полнува.“ 29#Рим 14,3.13Но не зборувам за твојата совест, ту­ку за совеста на другиот; зошто мојата слобода да би­де судена од туѓа совест? 30Ако, пак, во јадењето учествувам со благодарност, зошто да бидам хулен за она за кое благодарам? 31И така, било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа во Божја слава правете го. 32Не станувајте соблазна ни за Ју­деј­ците, ни за Елините, ниту за Божјата Црква, 33како што и јас им угодувам на сите во сѐ, не барајќи ја својата полза, туку ползата на мнозина, за да се спа­сат.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се