1 Коринтјаните 6
6
За споровите пред суд
1Би се осмелил ли некој од вас, кога има спор со друг, да излезе на суд пред неправедните, наместо пред светиите? 2#Дан 7,22; Мт 19,28; Откр 3,21; 20,4Зар не знаете дека светиите ќе го судат светот? Па, штом вие ќе го судите светот, зарем сте недостојни да судите за ситници? 3#2 Птр 2,4Зар не знаете дека ангели ќе судиме, а не, пак, она што е од овој свет? 4Ако, пак, имате спор за овоземни нешта, тогаш земете си ги за судии токму оние најпрезрените во црквата! 5#Лк 12,57За ваш срам ви велам: толку ли не се најде ниту еден мудар меѓу вас, кој може да пресуди меѓу своите браќа? 6#2 Кор 6,15Туку брат со брат се суди, и тоа пред неверници! 7#Мт 5,39-42; 1 Сол 5,15; 1 Птр 3,9За вас е веќе неуспех и самото тоа што имате спорови меѓу себе. Нели е подобро да ја понесете неправдата? Нели е подобро да ја претрпите штетата? 8Туку, напротив, вие правите неправда и штета, и тоа на браќата. 9#15,50; Рим 1,29-31; 13,13; Гал 5,19-21; Ефес 5,5Зар не знаете дека неправедните нема да го наследат Божјото царство? Не лажете се: ниту блудниците, ниту идолопоклониците, ниту прељубниците, ниту мажите што легнуваат со мажи, 10ниту ненаситниците, ниту крадците, ниту пијаниците, ниту клеветниците, ниту разбојниците нема да го наследат царството Божјо. 11#Дела 22,16; Ефес 5,26; 2 Сол 2,13; 1 Јн 2,12А такви беа и некои од вас; но се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на Господ Исус Христос и преку Духот на нашиот Бог.
Прославете Го Бога во своето тело
12 #
7,35; 10,23 Сѐ ми е допуштено! Но не е сѐ полезно. Сѐ ми е допуштено! Но ништо не сакам да завладее над мене. 13#1 Сол 4,3-5Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог ќе ги уништи и неа и него. Телото, пак, не е за блуд, туку за Господ, а Господ е за телото. 14#15,15.20; Рим 8,11; 2 Кор 4,14; 13,4А Бог Го воскресна и Господ, и нас ќе нѐ воскресне преку Својата сила. 15#12,12-27; Рим 12,4-5Зар не знаете дека вашите тела се делови од Христос? И така, ќе ги земам ли деловите од Христос за да ги направам делови на блудница? Никако! 16#1 Мојс 2,24; Мт 19,5Или не знаете дека оној што се соединува со блудница, станува едно тело со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“ 17#Јн 17,21-23; Рим 8,9-11; 2 Кор 3,17-18А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него. 18#10,8.14; 1 Тим 6,11Бегајте од блудот! Секој друг грев што го прави човекот е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело. 19#3,16; Јн 2,21Зар не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас и Кој ви е даден од Бога, и дека не си припаѓате само на себе? 20#7,23; Фил 1,20; 1 Птр 1,18-19Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во вашето тело и во вашиот дух, кои се Божји.
Селектирано:
1 Коринтјаните 6: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023