Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 16

16
Милостиви дарови за помош на браќата во Ерусалим
1А што се однесува до собира­њето милостина за светиите, пра­вете и вие онака како што одредив за црквите во Галатија. 2#Мт 28,1; Дела 20,7Во секој прв ден од седмицата, секој од вас нека си остава настрана, собирајќи колку што може, за собирањето да не се врши кога ќе дојдам. 3А кога ќе дојдам, ќе ги испратам со писма оние што вие ќе ги одобрите, за да го однесат вашиот дар во Еруса­лим. 4#2 Кор 8,20-21Ако, пак, е потребно да отидам и јас, тие ќе појдат со мене.
Плановите на Павле
5 # Дела 19,21 Кај вас ќе дојдам откако ќе ја поминам Македонија, зашто ќе минам низ Македонија. 6А можно е да се задржам, па дури и да презимам кај вас, та каде да одам, да бидам придржуван од вас. 7Бидејќи не сакам сега да ве ви­дам само на минување, туку, се надевам, ако до­пушти Господ, да поминам некое време кај вас. 8А во Ефес ќе останам до Пе­де­сет­ни­ца, 9#Дела 14,27; Кол 4,3зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противници има многу. 10Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде спокоен; зашто тој го извршува делото Господово, како и јас. 11#1 Тим 4,12Никој да не го презира, туку испра­тете го во мир, та да дојде кај мене, зашто го очекувам со браќата. 12А за Аполос – него го молев многу да дојде кај вас со браќата, ама никако не сакаше да дојде сега. Но, ќе дојде, кога ќе биде по­годно.
Последни препораки и поздрави
13 # 15,58; Пс 30,24; Мк 13,37; Рим 11,20; Гал 5,1; Ефес 6,10; Фил 1,27; 2 Сол 2,15 Бидете будни, стојте во верата, држете се машки, бидете крепки. 14Сѐ што правите нека биде со љу­бов. 15#1,16; Рим 16,5Уште ве молам, браќа: знајте дека семејството на Стефанин е првиот плод на Ахаја и дека тие се предадоа себеси на служба на светиите. 16Покорувајте им се и вие на такви и на секој што соработува и се труди! 17Се радувам што дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија ва­шето отсуство, 18зашто го успокоија и мојот дух и вашиот. Ценете ги таквите! 19#Рим 16,3; 16,5Ве поздравуваат црквите од Азија; многу ве поздравуваат во Господа Акила и Прис­кила со нивната домашна црква. 20#Рим 16,16; 2 Кор 13,12; 1 Сол 5,26; 1 Птр 5,14Ве поздравуваат сите браќа. Поз­дравете се еден со друг со свет целив! 21#Гал 6,11; Кол 4,18; 2 Сол 3,17; Фил 1,19Ве поздравувам јас, Павле, своерач­но. 22А оној што не Го љуби Господ Исус Христос, нека биде проклет. Маран ата! 23Благодатта на Господ Исус Христос нека биде со вас. 24Мојата љубов нека биде со сите вас во Хрис­тос Исус. Амин.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се