1 Коринтјаните 16
16
Милостиви дарови за помош на браќата во Ерусалим
1А што се однесува до собирањето милостина за светиите, правете и вие онака како што одредив за црквите во Галатија. 2#Мт 28,1; Дела 20,7Во секој прв ден од седмицата, секој од вас нека си остава настрана, собирајќи колку што може, за собирањето да не се врши кога ќе дојдам. 3А кога ќе дојдам, ќе ги испратам со писма оние што вие ќе ги одобрите, за да го однесат вашиот дар во Ерусалим. 4#2 Кор 8,20-21Ако, пак, е потребно да отидам и јас, тие ќе појдат со мене.
Плановите на Павле
5 #
Дела 19,21
Кај вас ќе дојдам откако ќе ја поминам Македонија, зашто ќе минам низ Македонија. 6А можно е да се задржам, па дури и да презимам кај вас, та каде да одам, да бидам придржуван од вас. 7Бидејќи не сакам сега да ве видам само на минување, туку, се надевам, ако допушти Господ, да поминам некое време кај вас. 8А во Ефес ќе останам до Педесетница, 9#Дела 14,27; Кол 4,3зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противници има многу. 10Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде спокоен; зашто тој го извршува делото Господово, како и јас. 11#1 Тим 4,12Никој да не го презира, туку испратете го во мир, та да дојде кај мене, зашто го очекувам со браќата. 12А за Аполос – него го молев многу да дојде кај вас со браќата, ама никако не сакаше да дојде сега. Но, ќе дојде, кога ќе биде погодно.
Последни препораки и поздрави
13 #
15,58; Пс 30,24; Мк 13,37; Рим 11,20; Гал 5,1; Ефес 6,10; Фил 1,27; 2 Сол 2,15 Бидете будни, стојте во верата, држете се машки, бидете крепки. 14Сѐ што правите нека биде со љубов. 15#1,16; Рим 16,5Уште ве молам, браќа: знајте дека семејството на Стефанин е првиот плод на Ахаја и дека тие се предадоа себеси на служба на светиите. 16Покорувајте им се и вие на такви и на секој што соработува и се труди! 17Се радувам што дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија вашето отсуство, 18зашто го успокоија и мојот дух и вашиот. Ценете ги таквите! 19#Рим 16,3; 16,5Ве поздравуваат црквите од Азија; многу ве поздравуваат во Господа Акила и Прискила со нивната домашна црква. 20#Рим 16,16; 2 Кор 13,12; 1 Сол 5,26; 1 Птр 5,14Ве поздравуваат сите браќа. Поздравете се еден со друг со свет целив! 21#Гал 6,11; Кол 4,18; 2 Сол 3,17; Фил 1,19Ве поздравувам јас, Павле, своерачно. 22А оној што не Го љуби Господ Исус Христос, нека биде проклет. Маран ата! 23Благодатта на Господ Исус Христос нека биде со вас. 24Мојата љубов нека биде со сите вас во Христос Исус. Амин.
Селектирано:
1 Коринтјаните 16: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023