Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 15

15
Христовото воскресение
1 # Гал 1,11 Ви напоменувам, браќа, за благовестието што ви го проповедав, а кое вие го примивте и во кое стоите. 2Преку него и се спасувате, ако го држите дословно како што ви го проповедав, освен ако не сте поверувале напразно. 3#Ис 53,5-6; 53,8-9.12; 1 Птр 3,18Зашто, најнапред ви го предадов она што го бев и примил: дека Христос умре за на­шите гревови, според Писмата; 4#Ос 6,2; Јона 2,1; Мт 16,21дека беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата, 5#Лк 24,34; Јн 21,15и дека му се јави на Кифа и потем на Дванаесетте; 6#Лк 24,36; Јн 20,19.26; 21,1.12потоа им се јави на повеќе од петстотини браќа одеднаш, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа; 7после му се јави на Јаков, и потоа на сите апостоли, 8#Дела 9,3-7а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче, 9#Дела 8,3; Гал 1,13; Ефес 3,8; Фил 3,6; 1 Тим 1,13зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата Црква. 10#2 Кор 11,5; Гал 1,15Но, со Божјата благодат сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во ме­не, не беше напразна, туку се пот­рудив повеќе од сите нив; но не јас, туку Божјата благодат, која е со мене. 11И така, било јас или тие, така про­поведаме, и вие така поверувавте.
Воскресението на мртвите
12Но, ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите, како тогаш не­кои меѓу вас велат дека нема воскресение на мртвите? 13#Мт 22,23; Дела 4,2; 17,32А ако нема воскресение на мрт­вите, тогаш и Христос не воскреснал; 14ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш напразна е нашата проповед, напразна е и вашата вера. 15Притоа, би се покажале и како лажни Божји сведоци, бидејќи сведочевме против Бога, велејќи дека Го воскреснал Христос, Кого Тој не Го воскреснал, ако мртви­те навистина не воскреснуваат. 16Зашто, ако мртвите не воскреснува­ат, ни Христос не воскреснал; 17ако, пак, Христос не воскреснал, залудна е вашата вера; вие сте уште во своите гревови; 18тогаш и оние, што починале во Хрис­тос, загинале. 19И, ако само во овој живот се надева­ме на Христос, ние сме најбедни од сите луѓе. 20#1 Сол 4,14Но, ете, Христос воскресна од мрт­вите, и со тоа стана првиот плод за починатите. 21#Рим 5,12.18Бидејќи, како што преку чо­ве­к дојде смртта, така преку Човек дојде и воскресението од мртвите. 22#Рим 8,11И како што во Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат ожи­ве­ани; 23#Кол 3,4; 1 Сол 4,15но секој по свој ред: Христос е пр­виот плод; потоа, при Неговото до­аѓа­ње, ќе воскреснат сите што се Хрис­тови. 24#Дан 2,44; Рим 8,38; Ефес 1,21; Фил 2,9А потоа ќе настапи крајот, кога ќе Му го предаде царството на Бога и Отецот, кога ќе го уништи секое началство и секоја власт и сила. 25#Пс 109,1; Мт 22,44; Лк 19,27Бидејќи Тој треба да царува „додека не ги положи сите непријатели под Своите нозе“. 26#Откр 20,14; 21,4Последен непријател што ќе биде уништен е смртта, 27#Пс 8,6; Евр 2,8зашто Бог „сѐ потчинил под Неговите нозе“; а кога се вели: „Сѐ Му е Нему потчинето“, јасно е дека тоа сѐ не се однесува на Оној што Му потчини сѐ. 28#Кол 3,11Кога, пак, ќе Му биде потчинето сѐ, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Му потчини сѐ, за да биде Бог сѐ во сѐ. 29Инаку, што ќе направат оние, кои се крштеваат за мртвите? Ако мртвите воопшто не воскреснуваат, зошто тие се крштеваат за нив? 30Зошто и ние секој час се из­ложуваме на опасност? 31#4,9; Рим 8,36; 2 Кор 4,11Умирам секојдневно – се колнам во вашата пофалба, што ја имам во Христос Исус, нашиот Господ. 32#Ис 22,13Каква е мојата полза ако во Ефес, како човек, се борев со ѕверови, штом мртвите не воскреснуваат? Ако мртвите не воскреснуваат – „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе ум­ре­ме!“ 33Не лажете се: „Лошите дружби ги расипуваат добрите обичаи!“ 34Отрезнете се еднаш како што треба, и не грешете! Зашто некои од вас не зна­ат ништо за Бога – за ваш срам го велам ова.
Телата на воскреснатите
35Но, некој ќе рече: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат? 36#Јн 12,24Безумниче, тоа што го сееш ти, не оживува, ако не умре. 37А кога сееш, не го сееш телото што ќе настане, туку голо зрно, било да е пченично или некое друго; 38#1 Мојс 1,11-12но Бог му дава тело, какво што са­ка, и тоа на секое семе негово сопствено тело. 39#1 Мојс 1,24Не секое тело е исто тело: едно е телото на човек, а друго е телото на жи­вотно, друго на риба и друго на птица. 40#15,49Има небесни тела и земни тела, но еден е сјајот на небесните, а друг на земните; 41еден е сјајот на сонцето; друг е сјајот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по сјајот се разликува. 42Така е и со воскресението на мрт­ви­те: се сее распадливо – воскреснува нераспадливо; 43#Фил 3,21се сее во бесчестие – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила; 44#2,14се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Постои душевно тело, постои и духовно тело. 45#1 Мојс 2,7; Јн 6,63; Рим 8,11Така е и напишано: „Првиот чо­век Адам стана жива душа“, а последниот Адам – животворен дух. 46Но не е прво духовното, туку душев­ното, а потоа духовното. 47#1 Мојс 2,7; Јн 3,13.31Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото. 48Каков е земјениот, такви се и земје­ните; и каков е Небесниот, такви се и небесните; 49#1 Мојс 5,3; Рим 8,29; 2 Кор 3,18и како што го носевме образот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот. 50#6,9; Јн 3,5-6А ова ви го велам, браќа: телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо, ниту распадливото наследува нераспадливост. 51#1 Сол 4,15-17Еве, тајна ви кажувам; нема да умереме сите, но сите ќе се измениме, 52одеднаш, дури да трепнеш, при пос­ледната труба. Зашто таа ќе затруби и мрт­вите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме; 53#2 Кор 5,4зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност. 54#Ис 25,8А кога ова, распадливото, ќе се облече во нераспадливост, и она, смртното, во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното слово: „Победата ја проголта смртта.“ 55#Ос 13,14; Евр 2,14„О, аду, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?“ 56#Рим 7,13Осилото на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот. 57#1 Јн 5,4Но, да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос. 58#2 Лет 15,7; Ис 65,23; Кол 1,23И така, браќа мои возљубени, би­де­те цврсти, непоколебливи и секогаш богати во Господовото дело, знаејќи де­ка вашиот труд во Господа не е напразен.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се