2 Коринтјаните 1
1
Поздрав
1 #
Дела 9,13; 16,1; Рим 1,1; 1 Кор 1,1-2 Павле, по Божја волја апостол на Исус Христос, и братот Тимотеј, до Божјата црква која е во Коринт, заедно со сите светии што се по цела Ахаја: 2#Рим 1,7; 1 Кор 1,3благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!
Страдањето и утехата се поврзани
3 #
Рим 15,5; Ефес 1,3; 1 Птр 1,3 Нека е благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на милосрдноста и Бог на секоја утеха, 4#1,8; 8,2; Дела 14,22Кој нѐ утешува во секоја наша неволја, за и ние да можеме да ги утешиме оние што се во секаква неволја преку утехата со која ние самите сме утешувани од Бога! 5#Фил 1,20; Кол 1,24Зашто, како што во нас изобилуваат Христовите страдања, така изобилува и нашата утеха преку Христос. 6#2 Тим 2,10Ако сме во неволја – тоа е за ваша утеха и спасение. Таа станува делотворна преку претрпување на истите страдања што ги трпиме и ние; а и нашата надеж за вас е цврста. И кога се утешуваме, се утешуваме за ваша утеха и спасение 7знаејќи дека како што учествувате во нашите страдања, така ќе бидете учесници и во утехата. 8#1 Кор 15,32; 1 Сол 4,13Браќа, не сакаме да ве оставиме во незнаење за неволјата што нѐ снајде во Азија: дека бевме оптоварени прекумерно, далеку над нашите сили, така што не се надевавме ни живи да останеме. 9#4,7; Рим 1,4; 4,17; 8,11; Фил 2,27; Евр 11,19Дури и самите ја прифативме во себе смртната пресуда за да не се надеваме на себеси, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите. 10#2 Тим 4,18Тој нѐ избави од толку страшната смрт – и уште нѐ избавува; на Него се надеваме дека и понатаму ќе нѐ избавува, 11#4,15; 9,12; Рим 15,30па, потпомогнати и со вашите молитви за нас, да биде воздадена благодарност од многу луѓе за благодатта што ни е дарувана преку молитвите на мнозина.#1,11 да биде воздадена благодарност од многу луѓе.
Павле ги менува своите планови
12 #
2,17; Дела 23,1; 1 Кор 1,17; 2,1 Бидејќи нашата пофалба е оваа: сведоштвото на нашата совест дека во светот, а особено меѓу вас, живееме со простодушност и искреност Божја, не според телесна мудрост, туку според благодатта Божја. 13Зашто не ви пишуваме ништо друго, освен ова што го читате и разбирате, па се надевам дека и до крај ќе го разберете, 14#1 Кор 1,8; Фил 2,16; 4,1; 1 Сол 2,19-20како што веќе донекаде и нѐ разбравте – дека ние сме ваша пофалба, како и вие наша, во денот на Господ Исус. 15И со таа увереност сакав да дојдам кај вас порано, та повторно да примите благодат, 16#1 Кор 16,5и преку вас да заминам за Македонија, а од Македонија пак да дојдам кај вас, та вие да ме придружите до Јудеја. 17#1,12; Рим 7,5Но, посакувајќи го ова, лесномислено ли постапив? Или, пак, ова што го посакувам, според телото ли го посакувам, та моето „да, да“ истовремено да биде и „не, не“? 18#1 Кор 1,9; 10,13Но Бог е верен сведок дека нашиот збор до вас не беше и „да“ и „не.“ 19#Мт 5,37; Дела 16,1; 18,5Зашто Синот Божји, Исус Христос, Кого ние – јас и Силуан и Тимотеј – Го проповедавме меѓу вас, не беше и „да“ и „не“, туку во Него беше „да“, 20#Откр 3,14бидејќи сите Божји ветувања во Него се „да“, и во Него е „амин“, за Божјата слава преку нас. 21#13,13; 1 Кор 1,6; 1 Јн 2,20.27А Оној што нѐ помаза и во Христа нѐ утврдува со вас е Бог; 22#Рим 5,5; 6,4; Ефес 1,13-14Тој и нѐ запечати и ни го даде залогот на Духот во нашите срца. 23#Фил 1,8А јас Го повикувам Бога за сведок на мојата душа дека само за да ве поштедам досега не дојдов во Коринт. 24#6,1; Рим 11,20; 1 Птр 5,2.3 Но, не дека ние господариме со вашата вера, туку сме само сотрудници на вашата радост, бидејќи во верата вие стоите цврсто.
Селектирано:
2 Коринтјаните 1: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: