Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 11

11
1 # 4,16; Гал 4,12; Фил 3,17; 2 Сол 3,7.9; 1 Тим 4,12; Евр 6,12; 13,7 Бидете мои подражатели, како што сум и јас на Христос!
Мажот и жената пред Господ
2 # 2 Сол 2,15 Ве пофалувам, браќа, зашто во сѐ си спомнувате за мене и ги држите пре­да­нијата така како што ви ги предадов. 3#Ефес 1,22; 4,15; 5,23Но сакам да знаете дека глава на секој маж е Христос; а глава на жената е ма­жот; на Христос, пак, глава е Бог. 4Секој маж, кој се моли или пророкува со покриена глава, ја срамоти својата глава; 5а секоја жена, која се моли или пророкува со непокриена глава, ја срамоти својата глава, зашто тоа е исто како да е истрижена. 6Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е грдо за жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива. 7#1 Мојс 1,27; 5,1; 2 Кор 4,4И така, мажот не треба да ја покрива главата, зашто е образ и слава Божја, а жената е слава на мажот. 8#1 Мојс 2,22-23; 1 Тим 2,13Зашто не е мажот од жената, туку жената од мажот; 9#1 Мојс 2,18и не е мажот создаден за жената, ту­ку жената за мажот. 10#Ефес 3,10Затоа жената на гла­вата треба да има знак на власта што е над неа, поради ангелите. 11Па сепак, во Господа, ниту мажот е без жената, ни­ту жената е без мажот. 12#Рим 11,36Бидејќи, како што жената е од ма­жот, така и мажот е преку жената; а сѐ е од Бога. 13Просудете сами во себе: доликува ли жена да Му се моли на Бога со непокриена глава? 14Зар и самата природа не ве учи дека е срамно за мажот да има долга коса? 15Но, ако жената има долга коса, тоа е украс за неа, бидејќи косата ѝ е дадена наместо превез. 16Но, ако некој сака да се препира, ние немаме таков обичај, ниту, пак, Божјите цркви#11,16 ниту пак имаат останатите Божјите цркви .
Господова вечера
(Мт 26,26-29; Мк 14,22-25; Лк 22,15-20)
17А заповедајќи ви го ова, не ве фалам, бидејќи, кога се собирате, вие не одите кон подобро, туку кон полошо. 18#1,11.12Зашто, пред сѐ, слушам и делумно верувам – дека кога се собирате како црква, постојат расколи меѓу вас. 19А потребно е меѓу вас да има и поделби, за да се истакнат поопитни­те меѓу вас. 20Вашето собирање, пак, на едно место, не е за јадење на Госпо­довата вечера, 21зашто на јадењето секој брза да ја земе својата вечера пред другите, така што еден останува гладен, а друг се опива. 22#Јк 2,6Зар немате куќи за да јадете и пи­ете? Или ја презирате Божјата Црква и ги срамотите оние, што се сиромашни? Што да ви речам? Да ве пофалам ли за тоа? Не пофалувам! 23Бидејќи јас го примив од Господ она што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус, во ноќта кога беше предаден, зеде леб, 24и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело, кое за вас се прекршува, ова правете го во Мој спомен!“ 25#2 Мојс 24,8; Ер 31,31; Зах 9,11; 2 Кор 3,6По вечерата, исто така, ја зеде и ча­шата, велејќи: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го секогаш кога ќе ја пиете, за Мој спомен!“ 26Зашто, секогаш, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господ, додека да дојде Тој. 27#Евр 6,6; 10,29Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од Господовата чаша, ќе биде ви­новен спрема телото и крвта на Господ. 28#2 Кор 13,5Но, секој човек нека се испита себеси и потоа нека јаде од овој леб и нека пие од оваа чаша. 29Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува Господовото тело. 30Па затоа меѓу вас има многу не­моќ­ни и болни, а мнозина и умираат. 31#Рим 14,22Зашто, ако се бевме испитувале са­мите себеси, тогаш немаше да бидеме суде­ни. 32#Евр 12,5-8Но судејќи нѐ, Господ нѐ превос­пи­тува, за да не бидеме осудени заедно со светот. 33Па така, браќа мои, кога се собирате на јадење, почекувајте се еден со друг. 34Ако, пак, некој е гладен, нека јаде дома, за да не се собирате за осуда. А останатото ќе го уредам кога ќе дојдам.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се