Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипќаните 2

2
1И така, ако има некаква утеха во Христа, ако има некакво охрабрување од љубов, ако има некаква заедница на Духот, ако има некакво внатрешно сочувство и сомилост,
2исполнете ја мојата радост, и мислете исто имајќи ја истата љубов, еднодушни со мисли насочени кон едно.
3Не правете ништо од натпреварување или од суетно честољубие, туку во понизност сметајте се еден друг за поголем од себеси!
4Не гледајте секој само на своето, туку секој нека гледа на она што се однесува за другите.
5Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа;
6Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога,
7туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето.
8И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст.
9Затоа и Бог Го превозвиши и Му подари име, што е над секое име,
10и во Исусовото име да се поклони секое колено на оние: кои се на небото, и на земјата, и под земјата;
11и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Таткото.
12Затоа, возљубени мои, како што секогаш бевте послушни, не само кога сум при вас, туку уште повеќе сега, кога не сум при вас, изработувајте го своето спасение со страв и трепет.
13Зашто Бог е Оној, Кој дејствува во вас да сакате и да постапувате, според Неговата волја.
14Правете сè без ропот и двоумење,
15за да бидете беспрекорни и чисти, непорочни Божји чеда, среде опак и расипан род, меѓу кој светите како светила во светот,
16држејќи го цврсто словото на животот, за да имам со што да се фалам во Христовиот Ден, дека не трчав напразно и дека не се трудев напразно.
17Но, ако се и излевам како налевница врз жртвата и службата на вашата вера, се радувам и се радувам со сите вас.
18А исто така радувајте се и вие и радувајте се со мене.
19Се надевам во Господа Исуса дека ќе ви го испратам скоро Тимотеј, та и јас да се утешам кога ќе научам како сте вие.
20Зашто немам никого, кој е со иста душа како него, кој толку искрено ќе се грижи за вас,
21зашто сите други го бараат своето, а не она што е на Христа Исуса.
22Вие ја знаете неговата докажана верност, дека - како дете на таткото - со мене служеше во ширењето на Евангелието.
23Така, се надевам дека ќе го испратам него, веднаш штом ќе разберам што ќе стане со мене.
24А се надевам во Господа дека и јас самиот скоро ќе дојдам.
25Сметав пак за потребно да ви го испратам Епафродит, својот брат и соработник и соборец - а ваш пратеник, кој и служи на мојата потреба;
26зашто копнееше по сите вас и беше нажален зашто сте чуле дека бил болен.
27Навистина беше болен близу до смртта, но Бог му се смилува, и не само нему, туку и мене, за да не ми дојде жал врз жал.
28Затоа го испратив поскоро, да се зарадувате пак кога ќе го видите, и јас да бидам помалку нажален.
29И така, примете го во Господа со секаква радост и почитувајте ги таквите,
30зашто заради Христовото дело се најде близу до смртта, излагајќи го својот живот на опасност, за да го надомести, тоа што вие не можевте да ми услужите.

Селектирано:

Филипќаните 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност