Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ФИЛИПЈАНИТЕ 3

3
Предупредување против јудеистите
1И така, браќа мои, радувајте се во Господа! Мене не ми е здодевно да ви пишувам исто, а вам ви служи за безбедност. 2Пазете се од кучињата, пазете се од лошите работници, пазете се од лажно обрезание! 3Зашто, ние сме вистинското обрезание; ние, кои служиме со Божјиот Дух и се фалиме во Христа Исуса, а не се надеваме во телото, 4иако и јас можам да се доверам и на телото. Ако некој друг мисли дека може да се надева на телото, тоа јас, уште повеќе: 5обрезан сум во осмиот ден, од Израелевиот род сум, од Венијаминовото племе, Евреин од Евреите; по закон - фарисеј; 6по ревност - гонител на Црквата; по правдата на Законот бев беспрекорен. 7Но тоа што ми беше некогаш придобивка, тоа го сметав за загуба поради Христа. 8Во суштина, јас и сега сметам сѐ за загуба заради преважното познавање на Христа Исуса, Мојот Господ, заради Кого изгубив сѐ и сѐ сметам за отпад, за да Го придобијам Христа 9и да се најдам во Него, немајќи своја правда, која доаѓа од Законот; туку по правдата, која доаѓа преку верата на Христа: правдата од Бога врз основа на верата, 10за да Го познавам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, станувајќи сличен на Него во Неговата смрт, 11та некако да достигнам до воскресението од мртви. 12Не велам дека веќе го достигнав или дека веќе дојдов до совршенство - туку настојувам да го достигнам, зашто и мене Христос ме достигна. 13Браќа, јас уште не мислам дека го достигнав! 14Но сепак правам едно: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене; трчам кон целта: за наградата на горното призвание од Бога во Христа Исуса. 15И така, кои сме совршени мислиме вака; ако вие мислите и нешто поинаку, Бог ќе ви го открие и тоа. 16Но по она, до кое достигнавме, според истото правило и да бидеме едномислени!
17Угледајте се на мене, браќа и гледајте на оние, кои одат онака, како што и вие имате пример во нас! 18Зашто мнозина, за кои ви зборував многупати, а сега зборувам и со солзи одат како непријатели на крстот Христов. 19Нивниот крај е погибел; нивниот бог е стомакот; нивната слава е во нивниот срам; тие мислат само на земното. 20А нашето жителство е на небесата, од каде и Го очекуваме Спасителот, Господа Исуса Христа, 21Кој ќе го преобрази нашето унизено тело, да се сообрази со Неговото славно тело, според дејствието на Неговата сила, со која може да покори сѐ под Себе.

Селектирано:

ФИЛИПЈАНИТЕ 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност