Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипќаните 1

1
1Павле и Тимотеј, слуги на Христа Исуса, до сите свети во Христа Исуса, кои се во Филипи, со надзорниците и ѓаконите:
2благодат вам и мир од Бога нашиот Татко и од Господа Исуса Христа.
3Му благодарам на својот Бог секогаш кога си спомнувам за вас;
4непрекратно во секоја своја молитва се молам за сите вас со радост,
5заради вашето учество во проповедањето на Евангелието од првиот ден досега.
6Уверен сум во тоа, дека Оној, Кој го почна доброто дело во вас, ќе го доврши до Денот на Христа Исуса.
7А и право е да го мислам тоа за сите вас, зашто ве имам во срцето сите вас, кои сте соучесници со мене во благодатта - како во моите окови, така и во одбраната и утврдувањето на Евангелието.
8Зашто Бог ми е сведок како копнеам по сите вас во чувствителното милосрдие на Христа Исуса.
9И затоа се молам вашата љубов да изобилува сè повеќе и повеќе во сознавањето и во секакво расудување,
10за да можете да испитувате за она што е подобро: да бидете чисти и беспрекорни за Денот Христов,
11исполнети со плодовите на правдата, кои се преку Исуса Христа, за слава и пофалба на Бога.
12А сакам да знаете, браќа, дека ова што се случува со мене помогна мошне многу за ширењето на Евангелието,
13така што им стана јасно на целата царска стража и на сите други, дека сум во окови заради Христа,
14и дека повеќето од браќата во Господа, охрабрени од моите окови, се осмелуваат сè повеќе да го проповедаат без страв Божјото слово.
15Навистина, едни Го проповедаат Христа од завист и љубов кон препирки, а други од добра волја;
16едни од љубов, знаејќи дека лежам во окови за одбрана на Евангелието,
17а други Го навестуваат Христа од нечесно честољубие, не со чиста намера, мислејќи да ми нанесат неволја во моите окови.
18Но што тогаш? Само тоа: дека на секој начин, било дволично или искрено, Христос се проповеда. И му се радувам на тоа, а и ќе се радувам,
19зашто знам дека ова - преку вашата молитва и помошта на Духот на Исуса Христа, ќе ми биде за избавување,
20согласно моето цврсто очекување и надеж, дека во ништо нема да се засрамам; но како и секогаш во сета смелост, така и сега, Христос ќе се возвеличи во моето тело, било преку живот, или преку смрт.
21Зашто за мене живот е Христос, а умирањето - придобивка.
22Но ако и натаму живеам во телото, тоа за мене значи: плодна работа - и не знам што да изберам.
23Притиснат сум од две страни: имам желба да си отидам и да бидам со Христа, што е далеку подобро,
24но заради вас е попотребно да останам во телото.
25И наполно уверен во тоа, знам дека ќе останам и ќе продолжам со сите вас, за ваше напредување и за радост во верата.
26И вашата пофалба во Христа Исуса да биде уште поизобилна во мене, заради моето повторно доаѓање меѓу вас.
27Само однесувајте се достојно за Христовото Евангелие, за да можам јас - било да дојдам и да ве видам, било да сум отсутен да чујам за вас, дека стоите цврсто во еден дух, дека еднодушно се борите заедно за верата на Евангелието,
28и дека во ништо не се плашите од противниците: тоа е за нив знак за погибел, а за вас за спасение, и тоа од Бога,
29зашто вам ви се даде милост заради Христа не само да верувате во Него, туку и да страдате заради Него,
30имајќи ја истата борба, како што видовте во мене, а и сега слушате за мене.

Селектирано:

Филипќаните 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност