Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефешаните 6

6
1Деца, слушајте ги своите родители во Господа, зашто тоа е право.
2”Почитувај ги својот татко и мајка - тоа е првата заповед со ветување -
3за да ти биде добро и за да живееш долго на земјата!”
4А вие, татковци, не дразнете ги вашите деца, туку воспитувајте ги во науката и опомената на Господа.
5Робови, слушајте ги вашите господари по тело со страв и трепет, во простота на своето срце, како Христа!
6Не служете само пред очите, како оние кои им угодуваат на луѓето, туку како Христови служители, кои од сета душа ја извршуваат Божјата волја!
7Служете доброволно како на Господа, а не на луѓе,
8знаејќи дека секој - роб или слободен - ако направи нешто добро, ќе го добие тоа од Господа!
9А вие, господари, постапувајте исто така со нив, без закани, знаејќи дека нивниот и вашиот Господар е на небесата! И дека Тој не гледа кој е кој!
10Најпосле, јакнете во Господа и во силата на Неговата моќ!
11Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот.
12Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места.
13Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите!
14И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата,
15обујте ги нозете со ревноста за Евангелието на мирот!
16При сè тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот!
17Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово,
18со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и со молба за сите свети
19и за мене, да ми се даде слово кога ќе ја отворам устата, за да можам да ја соопштувам смело тајната на Евангелието,
20за кое сум пратеник во окови: за да зборувам смело како што и треба да зборувам.
21А за да знаете и вие сè за мене што работам и како сум, за сè ќе ве извести Тихик, возљубениот брат и верен слуга во Господа,
22кого го праќам при вас токму затоа, за да научите како сме ние и за да ги утеши вашите срца.
23Мир на браќата и љубов со вера од Бог Таткото и од Господа Исуса Христа!
24Благодат со сите, кои беспрекорно Го љубат нашиот Господ Исус Христос!

Селектирано:

Ефешаните 6: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност