Исус ги раздра своите облеки и се фрли ничкум пред Господовиот Ковчег, и остана така до вечерта, тој и старешините во Израел, откако ги посипаа главите со пепел. Тогаш Исус рече: „Ах, Господи Боже, зошто го преведе овој народ преку Јордан? За да нѐ предадеш во рацете на Аморејците за да не погубат? Камо среќа да останевме на онаа страна на Јордан! Прости, Господи! Што да речам друго, кога Израел ги сврте плеќите пред своите непријатели? Ако го чујат тоа Ханаанците и другите жители на земјата, ќе се здружат против нас и ќе го избришат нашето име од земјата. И така, што ќе направиш за Своето големо Име?“
Прочитај ИСУС НАВИН 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: ИСУС НАВИН 7:6-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа