Исус Навин 7:6-9
Исус Навин 7:6-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Исус ја раскина облеката своја и падна ничкум на земјата пред ковчегот на Господ и лежеше дури до вечерта, тој и старешините Израелови, и ги посипаа со пепел главите свои. И рече Исус: „Ти се молам, Господи Боже, зошто го преведе Твојот народ преку Јордан, за да го предадеш во рацете на Аморејците на погубување? Ех, да си останевме да живееме од онаа страна на Јордан! О, Господи, што да кажам, бидејќи Израел го сврте грбот пред своите непријатели? Хананците и сите жители на земјата ќе чујат, ќе нѐ опколат и ќе нѐ истребат нас од земјата. И што ќе направиш за Твоето големо име?“
Исус Навин 7:6-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Исус ги раздра своите облеки и се фрли ничкум пред Господовиот Ковчег, и остана така до вечерта, тој и старешините во Израел, откако ги посипаа главите со пепел. Тогаш Исус рече: „Ах, Господи Боже, зошто го преведе овој народ преку Јордан? За да нѐ предадеш во рацете на Аморејците за да не погубат? Камо среќа да останевме на онаа страна на Јордан! Прости, Господи! Што да речам друго, кога Израел ги сврте плеќите пред своите непријатели? Ако го чујат тоа Ханаанците и другите жители на земјата, ќе се здружат против нас и ќе го избришат нашето име од земјата. И така, што ќе направиш за Своето големо Име?“