Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 17

17
1Ми дојде Господово слово:
2”Човечки сине, смисли гатанка и раскажи му приказна на Израелевиот дом! Речи:
3’Господ Бог зборува вака: „Голем орел, со големи крила, со долги перја, со густи шарени перца, долета на Ливан и грабна кедрова гранка;
4му го скрши највисокото гранче, го однесе во земјата на трговците, и го спушти во градот на трговците.
5Потоа зеде семе од земјата, го посади во плодна нива, го стави покрај изобилни води, го засади како врба.
6Подникот из’рта, стана бујна лоза, ниска на раст, нејзините подници посегнаа кон орелот, а нејзините корења беа под него; се разви во бујна лоза, потера подници, ги разгранчи прачките.
7Имаше и друг орел, голем и со големи крила, со густи перја. И ете, лозата протегна корења кон него, кон него ги насочи своите гранчиња за да ја напои подобро од почвата во која што беше посадена.
8На плодна нива, покрај изобилни води, беше посадена: можеше да пушта прачки, да роди со плод, да порасте како величествена лоза.”‘
9Речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Дали таа ќе успее? Не ќе и ли ги олупи орелот сите корења? Не ќе и ли ги истрга сите плодови? Не ќе ли и се исушат сите прачки, штом ќе никнат? Да, и без силни мишки, и без мноштво народ, ќе ја откорне од коренот!
10Ете, посадена е! Дали ќе успева? Штом ќе ја допре источниот ветар, не ќе ли се исуши сета? Да, во леите што никнува ќе овене.”‘“
11Ми дојде Господовот слово:
12”Речи му на одметничкиот дом: ‘Зар не знаете што значи ова?’ Речи им: ‘Ете, Вавилонскиот цар дојде во Ерусалим, му ги зароби царот и сите кнезови, ги одведе кај себе во Вавилон.
13Го одведе и подникот од царското колено, склучи сојуз со него и се обврза со заклетва, откако ги одведе сите силници од земјата,
14дека царството ќе остане незнатно и дека нема да се крева, туку дека ќе го пази и одржува сојузот со него.
15Но тој се одметна од него; испрати пратеници во Египет барајќи од него коњи и силна војска. Дали ќе успее? Може ли да избега оној кој работи така?
16Животот Ми Мој, говори Господ Бог: зашто го презре царот кој го постави на престол и дека го раскина сојузот со него ќе умре во неговата земја, среде Вавилон!
17Со својата силна војска и со мноштво народ фараонот не ќе му помогне во бојот, кога оној ќе подигне насипи и ќе изгради опсадни стражарници, за да му сотре многу луѓе.
18Ја презре заклетвата, го раскина сојузот. Да, иако ја имаше дадено раката, го направи сè тоа! Не, нема да избега.’”
19Затоа Господ Бог зборува вака: „Животот Ми Мој, заклетвата што ја презре и Мојот сојуз што го раскина, ќе ги оборам врз неговата глава!
20Ќе оптегнам мрежа над него, и ќе се фати во Мојата стапица, па ќе го одведам во Вавилон и таму ќе му судам заради неверата со која што ме изневери.
21Светот на неговата војска ќе падне од меч, а остатокот ќе се распрсне во сите ветришта. И ќе познаете дека Јас, Господ реков така.”
22Господ Бог зборува вака: „Од врвот на големиот кедар, од врвчето на неговите млади гранчиња, ќе скршам гранче и ќе го посадам на висока гора, на највисоката.
23На највисоката израелева гора, ќе го посадам него: тоа ќе пушти гранчиња, ќе роди со плод, и секаков вид птици ќе живеат под него, под сенките ќе се населат.
24И сите полски дрва ќе знаат дека Јас Сум Господ, Кој го понижувам високото дрво, а на сувото дрво му давам да се раззеленува. Јас Господ, реков и ќе направам!”

Селектирано:

Езекиел 17: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност