Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗЕКИЕЛ 18

18
Ж. Награда на праведен Бог
1. Душа која греши ќе умре
1Ми дојде Господово слово: 2“Зошто вие ја употребувате во Израел пословицата: ‘Татковците јадеа кисело грозје, а на синовите забите им фаќаат оскомина!’ Животот Ми Мој, говори Господ Бог: Никој од вас нема веќе да ја повторува во Израел таа поговорка; 4зашто, сите животи се Мои, како животот на таткото така и животот на синот. И еве, оној кој ќе згреши, тој ќе умре.
2. Праведен ќе живее
5Кој е праведен и кој ги почитува законот и правдата, 6и не јаде по планините и не ги подига очите кон идолите на Израелевиот дом, не ја обесчествува жената на својот ближен и не ѝ приоѓа на жената додека е нечиста; 7никому не му нанесува насилство, го враќа земеното во залог и ништо не ограбува; го дели својот леб со гладните, го облекува голиот, 8не дава на заем со добивка, ја воздржува раката од неправда, пресудува според вистината, 9оди по Моите наредби и ги чува Моите закони, постапувајќи според вистината - тој е навистина праведен и тој ќе живее, зборува Господ Бог.
3. Праведников нечестив син - ќе умре
10Но ако роди тој син разбојник, кој пролева крв, или ќе му направи нешто слично на братот, 11а не работи како неговиот родител, туку јаде по горите, ја обесчествува жената на ближниот; 12му нанесува насилство на сиромашниот и бедниот, ограбува, не враќа што примил како залог, очите ги подига кон идолите, правејќи одвратности; 13дава на заем со добивка и зема придобивка - не, таквиот син нема да живее! Ги направил тие гадости и ќе умре, а неговата крв ќе падне врз него.
4. Праведен син на нечесен татко - ќе живее
14А ако тој роди син кој ќе ги согледа сите гревови што ги направил неговиот татко, ако ги согледа и ако така веќе не направи; 15не јаде по планините, очите не ги подига кон идолите на Израелевиот дом, не ја обесчествува жената на ближниот; 16никому не му нанесува насилство, не го присвојува залогот, ништо не ограбува, го дели својот леб со гладниот, го облекува голиот; 17раката ја воздржува од неправда, не зема печалба ни добивка, ги извршува Моите закони и оди по моите наредби - не, тој нема да умре заради татковиот грев, тој ќе живее. 18А неговиот татко кој го угнетуваше немилостиво и го ограбуваше својот ближен, правејќи во народот што не чини, ќе умре заради својот грев.
19Но вие велите: ‘Зошто синот да не го носи татковиот грев?’ Затоа што синот извршува закон и правда, ги чува и ги врши сите Мои наредби, ќе живее. 20Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност.
5. Беззаконик, кој се кае - ќе живее
21Ако безбожникот се одврати од сите гревови што ги направил, ако ги чува сите Мои наредби и ги врши законот и правдата, ќе живее и нема да умре. 22Сите негови неправди што ги направил ќе бидат заборавени: заради праведноста што ја прави, ќе живее. 23Зашто зар ми е Мене до тоа да умре безбожникот - говори Господ Бог - а не да се одврати од сите свои лоши патишта и да живее? 24Ако ли праведникот се одврати од својата праведност и почне да прави неправда и сите гадости што ги работи безбожникот - дали ќе живее? Сите праведни дела што ги правел ќе бидат заборавени, а заради својата невера со која што изневери и заради гревовите што ги направил, ќе умре.
6. Господовиот пат е прав
25А вие велите: ‘Господовиот пат не е праведен!’ Чуј Израелев доме: Мојот ли пат не е праведен? Не се ли вашите патишта неправедни? 26Ако праведникот се одврати од својата праведност и почне да прави неправда, па умре заради тоа, ќе умре заради неправдата што ја направил. 27А ако безбожникот се одврати од својата безбожност што ја правел, па почне да ги врши Мојот закон и правда, ќе живее и нема да умре. 29Но Израелевиот дом вели: ‘Господовиот пат не е праведен!’ Моите патишта ли не се праведни, доме Израелев? Не се ли неправедни вашите патишта?
7. Повик кон покајание и обратување
30Затоа доме Израелев, Јас ќе му судам секому според неговите патишта - говори Господ Бог. И така, покајте се и обратете се од сите свои престапи и вашиот грев не ќе ви биде гибел! 31Отфрлете ги од себе сите гревови што ги правевте и направете си ново срце и нов дух! Зошто да умирате доме Израелев? 32Јас не му ја сакам смртта на никој кој умира - говори Господ Бог. И така обратете се и живејте!“

Селектирано:

ЕЗЕКИЕЛ 18: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност