А вам ви наложуваме, браќа, во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат, кој води неуреден живот, а не по преданието, што го примивте од нас. Навистина, сами знаете како треба да се угледате на нас, зашто ние не се владеевме неуредно меѓу вас, ниту јадевме дарум нечиј леб, туку работевме во труд и напор, ноќе и дење, за да не му бидеме на терет некому од вас. Не затоа што немавме право на тоа, туку за да бидеме самите себе за пример за да нѐ подражавате. Зашто и кога бевме со вас, ви го заповедавме ова: ако некој не сака да работи, нека и не јаде! Имено, слушаме дека некои меѓу вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи. На таквите им заповедаме и ги опоменуваме во Господа Исуса Христа да работат мирно и да го јадат својот леб. А на вас, браќа, да не ви се досади да правите добро!
Прочитај 2 СОЛУНЈАНИТЕ 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 СОЛУНЈАНИТЕ 3:6-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа