Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 СОЛУНЈАНИТЕ 3

3
Различни совети
1Најпосле, браќа, молете се за нас, та Господовото слово да трча и да се прославува како и при вас, 2и ние да се ослободиме од расипани и зли луѓе, зашто сите немаат вера. 3Но верен е Господ, Кој ќе ве утврди и ќе ве запази од лукавиот. 4Уверени сме во Господа, за вас, дека го правите и дека ќе го правите она што ви го заповедаме. 5А Господ да ги управи вашите срца кон Божјата љубов и кон Христовото трпение!
6А вам ви наложуваме, браќа, во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат, кој води неуреден живот, а не по преданието, што го примивте од нас. 7Навистина, сами знаете како треба да се угледате на нас, зашто ние не се владеевме неуредно меѓу вас, 8ниту јадевме дарум нечиј леб, туку работевме во труд и напор, ноќе и дење, за да не му бидеме на терет некому од вас. 9Не затоа што немавме право на тоа, туку за да бидеме самите себе за пример за да нѐ подражавате. 10Зашто и кога бевме со вас, ви го заповедавме ова: ако некој не сака да работи, нека и не јаде! 11Имено, слушаме дека некои меѓу вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи. 12На таквите им заповедаме и ги опоменуваме во Господа Исуса Христа да работат мирно и да го јадат својот леб. 13А на вас, браќа, да не ви се досади да правите добро! 14Ако пак некој не го послуша нашето слово преку посланието, означете го и не се мешајте со него, за да се засрами. 15Но не го сметајте за непријател, туку предупредувајте го како брат.
Поздрав и благослов
16А Самиот Господ на мирот да ви даде мир секогаш и на секаков начин. Господ да биде со сите вас! 17Поздрав со мојата рака, Павлова: тоа е белег во секое послание, пишувам така: 18Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со сите вас.

Селектирано:

2 СОЛУНЈАНИТЕ 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност