Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринќаните 2

2
1И јас, кога дојдов при вас, браќа, не дојдов со висок говор или со мудрост, за да ви го проповедам Божјото сведоштво;
2зашто решив да не знам меѓу вас ништо друго, освен Исуса Христа, и тоа Распнатиот.
3И јас бев со вас во слабост, и во страв, и во многу трепет,
4и моето слово и мојата проповед не се состоеја во убедливи зборови на мудроста, туку во докажување на Духот и силата,
5та вашата вера да не биде основана на човечката мудрост, туку на Божјата сила.
6Па сепак, ја говориме мудроста меѓу совршените; но не мудроста на овој свет ни на владетелите на овој свет, кои пропаѓаат,
7туку ја навестуваме Божјата премудрост, во тајна, сокриена, која Бог, пред сите векови ја предопределил за наша слава;
8која не ја запознал ниеден од владетелите на светов, зашто ако ја беа познале, немаше да Го распнат Господа на славата, -
9туку, како што е напишано: „Што окото не виде, што увото не чу, што во човечкото срце не дојде, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат.”
10А Бог ни го откри тоа нам преку Духот, зашто Духот испитува сè, па дури и Божјите длабочини.
11Зашто, кој од луѓето знае што е во човекот, освен човечкиот дух, кој е во него? Така никој не знае што има во Бога, освен Божјиот Дух.
12А ние не го примивме духот на светов, туку Духот, Кој доаѓа од Бога, за да знаеме што Бог милостиво ни дарува.
13Па и тоа не го зборуваме со зборови научени од човечката мудрост, туку со зборови научени од Духот Свети, споредувајќи ги духовните работи со духовното.
14А душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух, зашто тоа е безумство за него, и не може да сознае, зашто за тоа треба да расудува на духовен начин.
15Духовниот човек пак испитува сè, а него никој не го испитува,
16зашто: „Кој го познава Господовиот ум, за да го поучи?” А ние го имаме Христовиот ум.

Селектирано:

1 Коринќаните 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност