Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 КОРИНТЈАНИТЕ 1

1
Вовед
1Павле, преку Божјата волја повикан апостол на Исуса Христа, и братот Состен, 2до Божјата црква која е во Коринт, до осветените во Исуса Христа, до повиканите свети, со сите кои го призовуваат на секое место името на нашиот Господ Исус Христос, Кој е нивни и наш; 3благодат ви вам и мир од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа.
4Секогаш Му благодарам на својот Бог за вас, за Божјата благодат што ви е дадена во Христа Исуса, 5и зашто во Него се обогативте во сѐ, во секое слово и во секое знаење, 6како што Христовото сведоштво се зацврстило меѓу вас, 7така да не сте во недостаток од ниеден дар, чекајќи го откровението на нашиот Господ Исус Христос; 8Кој ќе ве утврдува и до крај, за да бидете беспрекорни во Денот на нашиот Господ Исус Христос. 9Верен е Бог, преку Кого сте повикани во заедништво со Неговиот Син, Исус Христос, нашиот Господ.
Несогласност во црквата
10Браќа, ве прекорувам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите да зборувате исто и да нема раздори меѓу вас, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во една мисла. 11Имено, ми јавија, браќа мои, Хлоините домашни дека меѓу вас има препирки. 12Со ова сакам да кажам, дека секој од вас зборува: ‘Јас сум Павлов’, ‘Јас сум Аполосов’, ‘Јас пак Кифин’, а ‘Јас Христов’, 13Дали Христос се раздели? Павле ли беше распнат за вас? Или сте крстени во Павлово име? 14Му благодарам на Бога, што никого од вас не крстив, освен Криспа и Гаја, 15за да не рече некој, дека сте крстени во мое име. 16Го крстив уште Стефановиот дом; натаму не знам дали сум крстил некој друг. 17Зашто Христос не ме испрати да крштавам, туку да го проповедам Евангелието, и не со говорничка мудрост - за да не го изгуби Христовиот крст своето значење.
18Зашто, словото за крстот е безумство за оние, кои пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, Божја сила, 19зашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе го отфрлам разумот на умните.“ 20Каде е мудриот? Каде е книжевникот? Каде е истражувачот на овој век? Не ја претвори ли Бог мудроста на светов во безумие. 21Зашто светот со својата мудрост не Го позна Бога во Божјата мудрост, Бог благоволи да ги спаси оние, кои веруваат, преку безумството на проповедувањето. 22И додека Јудејците сакаат знаци, а Грците бараат мудрост, 23ние Го проповедаме распнатиот Христос, соблазан за Јудејците, безумство за Грците, 24а за самите повикани - и Јудејци и Грци, Христос, Божја сила и Божја мудрост, 25зашто безумното од Бога, помудро е од луѓето; и слабото од Бога, посилно е од луѓето.
26Гледајте го, браќа, само своето повикување! Нема тука многу мудри по човечко сфаќање, нема многу силни, ниту многу од благороден род. 27Туку, Бог го избра она што е безумно пред светот, за да ги посрами мудрите; што е слабо пред светот, Бог го избра, за да ги посрами силните; 28и што е неблагородно и што е презрено во светот - и она што се смета за ништо - Бог го избра, за да го уништи она што е нешто, 29за да не може ниедно тело да се пофали пред Бога. 30Од Него сте и вие во Христа Исуса, Кој ни стана мудрост од Бога, праведност, и осветување, и искупување, 31за да биде како што е напишано: „Кој се фали, во Господа да се фали!“

Селектирано:

1 КОРИНТЈАНИТЕ 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност