Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 КОРИНТЈАНИТЕ 3

3
Божји служители
1И јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, но како на телесни, како на младенци во Христа. 2Со млеко ве напоив, не со тврда храна, зашто уште не можевте да ја поднесувате. А ни сега не можете, 3зашто сте уште телесни. Не сте ли телесни и не живеете ли како обичните луѓе, штом меѓу вас има завист, спорови и поделба? 4Не сте ли телесни, имено, кога еден зборува: „Јас сум Павлов“, а друг: „Јас сум Аполосов?“ 5Па што е Павле? Што е Аполос? Слуги преку кои вие поверувавте и тоа според она, колку кому Господ му дал. 6Јас посадив, Аполос навади, но Бог прави да расте. 7Затоа: ниту оној кој сади, е нешто; ниту оној кој навадува, туку Бог, Кој прави да расте. 8А оној, кој сади и оној, кој вади - едно се, но секој ќе ја прими својата награда според својот труд. 9Ние сме соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда.
10Според Божјата благодат, која ми е дадена, јас, како мудар градител, ја поставив основата, а друг гради. Но секој да внимава како надградува. 11Зашто, никој не може да постави друга основа, освен онаа што е поставена, која е Исус Христос. 12И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама, 13сечие дело ќе излезе на видело; Денот ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело. 14Оној, кому ќе му остане тоа што го градел, ќе прими награда; 15а оној чие дело ќе изгори, тој ќе претрпи загуба, но самиот ќе се спаси, но така, како низ оган.
16Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас? 17Ако некој го разруши Божјиот храм, Бог ќе го разруши него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие. 18Никој нека не се измамува; ако некој меѓу вас мисли дека е мудар во овој свет, нека стане безумен, за да биде мудар, 19зашто мудроста на овој свет е безумство пред Бога! Имено, напишано е: „Тој ги фаќа мудрите во нивното лукавство.“ 20И пак: „Господ знае дека мислите на мудрите се суетни.“ 21Затоа никој да не се фали со луѓето! Зашто сѐ е ваше: 22било Павле, или Аполос, или Кифа, или светот, или животот, или смртта, или сегашноста, или иднината, сѐ е ваше, 23а вие сте Христови, Христос е Божји.

Селектирано:

1 КОРИНТЈАНИТЕ 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност