Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 20

20
1Во идната година, во времето кога царевите излегуваа на војна, Јоав ја изведе војската и почна да ја запустува Амонската Земја. Откако дојде, ја опсади Рава; Давид беше останат во Ерусалим. Јоав ја освои Рава и ја разурна.
2Тогаш Давид ја зеде круната од главата на нивниот цар и виде дека е тешка еден златен талант, а врз неа беа скапоцени камења. Ја сложија врз главата на Давида, кој однесе од градот многу голем плен.
3Народот што беше во градот го извади надвор и го исече со пили, со железни копачи и со секири. Така Давид им направи на сите градови на Амоновите синови. Потоа се врати со сиот народ во Ерусалим.
4Потоа пак избувна војна со Филистејците во Гезер; тогаш Хусиецот Сивехај го погуби Сифија, кој беше од Рефаимовите потомци; и беа покорени.
5Покрај тоа стана и војна со Филистејците, во која Јаировиот син Елханан го погуби Ламија, братот на Гетеецот Голијат, кој имаше копје како ткаачко вратило.
6Потоа пак избувна војна во Гат, каде беше некој човек со висок раст: тој имаше на секоја рака и нога по шест прсти, и така дваесет и четири; и тој беше Рафин потомок.
7Кога почна да го хули Израел, го уби Јонатан, син на Давидовиот брат Самај.
8Тоа беа Рафини потомци во Гат, кои загинаа од Давидовата рака и од раката на неговите слуги.

Селектирано:

1 Летописи 20: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност