1 ЛЕТОПИСИ 19
19
1Потоа умре Нас, царот на Амонците, и син му се зацари на негово место. 2Давид си рече во себеси: „Ќе му искажам љубов на Насовиот син Анун, зашто и неговиот татко ми искажа милост мене.“ Давид испрати посланици за да му изразат сочувство заради смртта на неговиот татко. Кога Давидовите слуги дојдоа во земјата на Амонците кај Ануна за да му искажат сочувство, 3кнезовите на Амонците му рекоа на Анун: „Зар мислиш дека Давид ги испрати луѓето за да ти искажат сочувство затоа што сака да му укаже чест на твојот татко? Не дојдоа ли затоа неговите слуги кај тебе, за да ја извидат, за да ја истражат и за да ја согледаат земјата?“ 4Тогаш Анун ги грабна Давидовите слуги и ги избричи, им ги потсече облеките до половина, до крстот, и ги испрати назад! Кога му го јавија тоа на Давида, тој испрати човек пред нив, зашто беа многу засрамени, и им порача: „Останете во Ерихон додека не ви порасте брадата, па тогаш вратете се.“ 6Кога Амоновите синови видоа дека се замразија со Давида, Анун со Амоновите синови испрати илјада сребрени таланти за да наемат со плата бојни коли и коњаници од Арам Нахараим, од Арам Мах и од Сова. 7Зедоа под наем за плата триесет и две илјади бојни коли, и царот на Маха со неговиот народ, та тие дојдоа и се настанија пред Медева. Амоновите синови се собраа од сите свои градови и дојдоа во бој. 8Кога Давид го чу тоа, го испрати Јоава со сета своја јуначка војска. 9Амоновите синови излегоа и се подредија во боен ред пред градската врата; а царевите кои дојдоа стоеја одделно во полето. 10Откако ги виде поставените бојни редови кон себе, однапред и одназад, Јоав ги одбра најхрабрите меѓу Израелците и ги подреди спрема Арамејците. 11Другата војска му ја предаде на братот Ависај, за да ја подреди спрема Амонците. 12И му рече: „Ако Арамејците бидат појаки од мене, тогаш ти прискочи ми на помош; ако Амонците бидат појаки од тебе, јас ќе поитам кај тебе на помош. 13Биди храбар и да се држиме јуначки заради народот и заради градовите на нашиот Бог; а Господ нека направи што Му е угодно.“ 14Тогаш Јоав и војската која беше со него почнаа да се доближуваат за да удрат на Арамејците, но тие избегаа пред нив. 15Кога Амонците видоа дека Арамејците избегаа, избегаа и тие пред неговиот брат Ависај и се повлекоа в град. Тогаш Јоав се врати во Ерусалим.
16А Арамејците, откако видоа дека Израелците ги поразија, испратија пратеници и доведоа Арамејци, што се од онаа страна на Реката, на чело со Софак, военачалник на Адар-Езеровата војска, кој ги предводеше. 17Откако му го соопштија тоа на Давида, тој ги собра сите Израелци, и по преминувањето преку Јордан, им се доближи на Арамејците и се подреди пред нив; кога Давид се подреди во боен ред спрема Арамејците, тие почнаа бој со него. 18Но Арамејците почнаа да бегаат пред Израелците, и Давид им истепа седум илјади коњи на бојните колесници и четириесет илјади пешаци; го погуби и военачалникот Софак. 19Кога Адад-Езеровите слуги видоа дека Израел ги разби, склучија мир со Давида и почнаа да му служат. А Арамејците веќе не се осмелуваа да им служат на Амонците.
Селектирано:
1 ЛЕТОПИСИ 19: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.