Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Мудрост Соломонова 18

18
Египет и Израилот – погубителот.
1А за твоите светии имаше најголема светлина. Оние, слушајќи им го гласот, а не гледајќи го нивниот лик, блажени ги нарекуваа затоа што не страдаа.
2А за она што порано беа навредувани од нив и не им се одмаздуваа, им благодареа и ги молеа за прошка, што ги присилувале да страдаат.
3На Израилците им даде огнен – светол столб, за да им биде водач по непознатиот пат – благо сонце за среќно патување.
4Египтјаните беа заслужиле да бидат лишени од светлината и во темнина затворени, затоа што ги беа држале затворени синовите Твои преку кои, на светот требаше да му се даде вечна светлина на Законот.
5Откако решија да им ги избијат децата на светите луѓе, макар и да спасија едно потфрлено дете, за казна, Ти им одзеде многу деца и нив самите ги погуби во големата вода.
6А таа ноќ однапред им беше јавена на наште татковци, та, знаејќи ги ветувањата во кои веруваа, спокојни да бидат.
7Твојот народ го очекуваше и спасението на праведните и загинувањето на непријателите,
8зашто она со што ги казнуваше непријателите, со тоа истото нѐ прослави нас, повикувајќи нѐ при Себе.
9Тогаш побожните деца на праведниците тајно жртви принесуваа и еднодушно божествен закон уредија: светите луќе еднакво – да учествуваат и во добрини и во опасности. И тогаш ги запеаја светите песни на татковците.
10А од спротивната страна се слушаше злогласниот вик на непријателите и тажниот лелек над оплакуваните деца.
11Со еднаков суд беа казнети и робот и господарот; истото го поднесуваше и простиот човек и царот;
12сите заедно имаа безброј мртовци, умрени од иста смрт; живите беа премалку, за да ги погребаат мртвите, зашто само во еден миг загина нивниот најмил пород.
13И кога тие, поради своите маѓии во ништо не веруваа, кога им загинаа нивните првенци, тогаш признаа дека израилскиот народ е син Божји,
14зашто додека тивко молчење исполнуваше сѐ, а ноќта во својот тек беше стигнала до седината,
15д небото слегна, од царските престоли, на земјата, предаден за пропаст, како страшен војник, сесилниот Твој збор.
16Тој носеше остар меч – неизменливата Твоја заповед и, откако застана, исполни сѐ со смрт; тој допираше до небото и одеше по земјата.
17Тогаш одеднаш силно ги исплашија привиди на ужасни соништа и настана ненадеен страв;
18паѓаа полумртви, еден овде, друг таму, си кажуваа еден на друг зошто умираат,
19зашто соништата, што ги збркаа, однапред им го беа тоа кажале, за да знаат зошто злото ги постигнало.
20Иако смртната казна и прведници покоси, многумина и од нив во пустината загинаа, но тој гнев не потраа долго,
21зашто беспрекорниот човек бргу се застапи за нив, во оружен со оружјето на својата служба, со молитва и кадиво за измирување, тој стана против гневот и на маките им стави крај, а со тоа покажа дека е слуга Твој;
22смртта не ја победи со телесна сила, ниту со силта на оружјето, туку само со збор свој го победи напасникот, откако ги спомна клетвите и заветите на татковците.
23Зашто, кога веќе со купишта лежеа еден врз друг, тој застана сред нив, го сопре гневот и му го пресече патот кон живите.
24На облеката негова беше целиот свет и имињата славни на татковците изрезани беа врз камења во четири реда, а Твоето име – врз дијадемата на главата негова.
25Пред тоа отстапи погубителот и се исплаши од него; зашто беше доволна само таа гневна казна.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност