Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Мудрост Соломонова 19

19
Египет и Израилот. Црвеното Море.
1А над грешниците продолжуваше до крај немилостивиот гнев, зашто Он ги предвиде и идните нивни дела,
2дека тие, откако им дозволат да појдат и откако ги испратија брзо, ќе се предомислат и ќе ги подгонат;
3оти, наоѓајќи се уште во тага и плачејќи над гробовите на умрените, на ум им падна луда помисла: да ги гонат оние, кои со молба ги беа испратиле.
4Кон тоа ги влечеше неволјата, што ја беа заслужиле, па ги заборавија старите маки, за да ја дополнат казната – на своите страдања уште едно да придодадат,
5народот Твој да направи славно патување, а тие да најдат необична смрт.
6Целото сознание одново одозгора ја измени својата природа, потчинувајќи се на особени заповеди, та синовите Твои да бидат запазени неповредени.
7Се појави облак и со сенката своја го сокри логорот, а таму каде пред тоа имаше вода – се покажа сува земја: во Црвеното Море се појави слободен пат, а бурната бездна стана водена долина.
8Закрилувани од Твојата рака, тие поминаа низ неа, гледајќи чуда невидени.
9Беа како коњи на пасиште, како јагниња скокаа, славејќи Те Тебе, Господи, Избавителот свој;
10зашто уште го помнеа она што се беше случило: како место животни други, земјата комарци даваше, а реката, место риби, множество жаби исфрли.
11А потоа видоа и нов вид птици, кога, поттикнати од желба, се молеа да им се дде повкусна храна;
12а за нивна утеха, од морето долетаа потполошки, а грешните ги постигна казна со знаци, на кои им претходеа силни грмотевици. Справедливо пострадаа поради својата злоба;
13со силна омраза ги ненавидеа туѓинците: едни не примаа непознати туѓинци, а овие и своите придојдени добротвори ги заробија.
14И не само тоа, туку за нив и суд ќе има, зашто другите ги одбиваа туѓинците,
15а овие, откако ги примија со радост, им дадоа да се ползуваат со еднакви права, а потоа почнаа да ги измачуваат со страшна работа.
16Затоа беа поразени со слепило како оние некогаш пред вратата на праведникот, ги обгрна темнина густа и секој ја бараше својата врата.
17Така самите стихии се изменија, како што се менуваат гласовите на харфата, останувајќи сепак звуци; ова може јасно да се сфати кога внимателно се разгледуваат настаните.
18Зашто земните животни во води се претворија, а оние што пливаја во водите – на суво иѕлегуваа.
19Огнот ја задржа својата сила и во водата, а водата го загуби својството да гасне;
20пламенот, пак, не го уништи месото на животните, кога сред него одеа, ниту се топеше во него небесната храна – лесно топива, како снег.
21Така, Господи Ти во сѐ го издигна и го прослави Твојот народ и не го остави, туку секогаш и секаде остана со него.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност