Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Мудрост Соломонова 17

17
Египет и Израилот: темнина и светлина.
1Големи се и недостижни Твоите судови, Господи, затоа непоучените души паднаа во заблуда.
2Оти беззакониците затвореници на темнината, и заробеници на долгата ноќ, ки беа намислиле да го измачуваат светиот народ, затварајќи се во своите куќи, се криеја од вечната Промисла.
3Мислејќи дека со тоа се сокриваат нивните тајни гревови, тие, под темниот покрив на заборавот, се расеале, силно преплашени од привиди и беа избезумени,
4зашто и најскришното место, во кое се затвораа, не ги избавуваше од стравот, но околу нив страшни звуци се огласуваа и во ужас ги доведуваа, а им се јавуваа страшни чудовишта со грозни лица;
5никаква огнена сила не моќеше светлина да им даде, ниту светлиот болскот од ѕвездите не можеше да ја осветли таа мрачна ноќ.
6Им се јавуваа, така сами од себе, запалени клади полни со ужас и кога виденијата исчезнуваа, од страв избезумени и од она што веќе не го гледаа – го замислуваа многу погрозно.
7Паднаа лагите на волшебното знаење, пофалбите со мудрост на подбив се изложија,
8зашто оние, што беа ветувале дека од срамната душа ќе ги прогонат ужасите и стравовите, и самите страдаа од смешна стравотност.
9Иако никаков страв не ги плашеше, но прогонувани од движењето на отровните змии и шушкањето на страшните влекачи, тие умираа од страв, плашејќи се дури и од воздухот, од кој никаде не може да се избега,
10зашто безбожништвото е плашливо, со свето сведош Тво се осудува; злото секогаш го зголемува кога почне совеста да го измачува,
11а стравот не е ништо друго, туку лишување од помошта што ја дава здравото размислување.
12Колку е помала внатрешната надеж, толку поголема била замислувана непознатата причина, од која произлегува маката.
13И тие во таа, навистина неподнослива ноќ, излезена од длабините на страшниот пекол приготвувајќи се да заспијат обичен сон,
14час бивале измачувани од страшни привиденија, час раслабувани од очајание, зато што ги напаќал ненадеен страв.
15И така, таму кој каде што се нашол, бил затворан во темница без окови.
16И земјоделец и пастир или тежок работник далеку во пустината, штом бил настигнат од страшна неволја, ѝ се предавал на таа неизбежна неволја,
17зашто сите беа врзани со едно јаже на темнината. Ветар ли бучи или меѓу густи гранки милозву; ен глас на птичка се слуша, вода ли тече брзо и бучно или камења паѓаат со голем тресок,
18дали тоа животни трчаат и скокаат, та не се гледаат, или најсвирепи ѕверови рикаат или се слуша одглас на планински длабини – сето тоа ги престрашуваше и истоштуваше.
19Зашто цел свет беше осветлен со јасна светлина и без пречки ги извршуваше своите работи;
20само над нив беше распослана тешка ноќ – слика на темнината што понекогаш ќе ги опфати; но тие сами за себе беа товар – потежок од темнината.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност