Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Мудрост Соломонова 16

16
Египет и Израилот.
1Затоа тие беа достојно казнети преку слични животни и измачувани од многу чудовишта.
2А место таква казна, Ти на народот Твој добрини му правеше, за да им ги задоволиш нивните желби – Ти им подготви необична храна – потполошки.
3Та оние, измачувани од глад, поради одвратниот вид на испратените животни, д се откажуваат од природната потреба за храна, а овие, кои за кратко време претрпеа скудност, ги удостои да вкусат необична храна.
4Зашто на тие мачители требаше да дојде неодминлива скудност, додека на Твоите чеда требаше само да им се покаже – колку тешко биле измачувани нивните непријатели.
5И откако ги постигна страшен ѕверски бес и умираа од касање на змии отровници, гневот Твој не отиде до крај.
6Но само за кратко време беа уплашени, за да се вразумат, добија знак за спасение – за да си ја спомнат заповедта на законот Твој,
7зашто кој ќе погледнеше, биваше излекуван, не преку она во што погледуваше, туку преку Спасителот на сите.
8А и со тоа им покажа и на нашите непријатели, дека си Ти Оној, Кој избавува од секое зло;
9зашто ите биваат убивани преку каснување од скакулци и муви, и не се најде лекарство за нивниот живот, бидејќи беа заслужиле да бидат измачувани од нив.
10А на Твоите синови не им напакостија ни забите на отровните змии, зашто Твојата милост им дојде напомош и ги исцели.
11Макар и да беа каснати, за да си спомнат за Твоите зборови, набргу биваа исцелувани, за да не паднат во длабока заборвност и да да се лишат од Твојата помош.
12Нив не ги лекуваат ни билки ни мелеми, туку зборот Твој, Господи кој лекува сѐ!
13Ти имаш власт над животот и над смртта, Ти доведуваш до вратите на пеколот и пак издигнуваш.
14Човекот по својата злоба може и да убие, но кога духот излезе тој не може да го врати и одземената душа не може да ја повика.
15А од твојата рака не може да се избега,
16а безбожниците кои не сакаат да Те познаат, тие се казнети со силата на Твојата мишка; нив ги гонеа и дожд, и град и беси бури и оган што проголтува.
17Но најчудно од сѐ беше тоа. што огнот покажуваше поголемо дејство сред водата, која гасне сѐ, зашто светот се бореше за праведниците.
18Понекогаш пламенот престануваше, за да не изгорат животните, испратени против безбожниците, та, откако го видоа тоа, да разберат дека ги прогонува Божјиот суд.
19А понекогаш сред водата бувнуваше посилно огнот, за да ги уништи неправедните дела на земјата.
20А Ти народот Твој со ангелска храна го хранеше и, без да се трудат, Ти им испрати од небото готов леб, кој имаше во себеси секаква сласт, на секого според неговиот вкус.
21Зашто својството на Твојата храна ја покажуваше Твојата љубов спрема Твоите деца; за да ја задоволиш желбата на оној што јаде – ја менуваше според вкусот на секого од нив.
22И снегот и мразот издржаа на огнот и не се стопија, за да познаат дека, огнот што гори во град и блеска во дожд – дека ги уништува плодовите на нивните непријатели,
23но истиот оган за да ги нахрани праведните, ја губеше својата сила.
24Созданијата што Тебе Ти служат – на Создателот свој, ги засилуваат своите сили, за да ги казнат безбожните, а се смируваат за доброто на оние кои веруваат во Тебе.
25Затоа тогаш и тие, изменувајќи се во сѐ, се покоруваа на Твојата благодат, која ги храни сите, според желбата на оние што имаат потреба,
26та Твоите синови, кои си ги засакал, Господи, да знаат дека не изобилието на плодовите го храни човекот, туку зборот ги запазува оние што веруваат во Тебе.
27Зашто она што не се повреди од огнот, штом ќе се огрееше од слабите зраци на сонцето, веднаш се растопуваше,
28за да се знае дека сонцето треба да го претпочитаме со благодарност кон Тебе и, свртувајќи се кон изворот на светлината, на Тебе да Ти се поклонуваме.
29Зашто надежта на неблагодарниот ќе се растопи како шушлек и ќе се иѕлее како непотребна вода.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност