Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јоил 3

3
Казна Божја над непријателот и радост.
1Зашто, ете, во оние денови и во тоа исто време, кога ќе ги вратам плениците на Јуда и од Ерусалим,
2тогаш ќе ги соберам сите народи и ќе ги доведам во долината Јосафатова, и таму над нив ќе изречам суд за Мојот народ и за Моето наследство – Израилот, кого го растурија меѓу народите и земјата Моја ја разделија.
3За народот Мој фрлија жреб и даваа момче за блудница, и продаваа девојче за вино, па пиеја.
4Па што барате од Мене вие, Тире и Сидоне и сите краеви филистејски? Сакате ли да Ми отплатите или рака да Ми вратите? Но наскоро ќе ја свртам отплатата ваша врз вашите глави,
5бидејќи вие го зедовте среброто Мое и златото Мое и Моите највредни драгоцености и ги внесовте во безбожнички светилишта;
6а синовите на Јуда и на Ерусалим ги продавате на синовите елински, за да ги отстраните од нивните предели.
7Еве, Јас ќе ги кренам од она место, каде што ги продадовте, и ќе ја свртам вашата отплата врз главите ваши.
8И ќе ги предадам синовите ваши и ќерките ваши во рацете на синовите Јудини, и тие ќе ги предадат на Савејците, народ далечен. Така вели Господ Саваот.
9Кажете го ова меѓу народите, пригответе се за војна, кренете ги јунаците, нека дојдат и нека станат сите војници.
10Прековајте ги плуговите свои во мечеви, а срповите во копја; и слабиот нека вели: силен сум.
11Побрзајте, вие народи, сите наоколу и соберете се. Господи, поведи ги јунаците Свои!
12Нека се кренат народите и нека слезат во долината Јосафатова; зашто таму ќе седнам Јас за да им судам на народите по ред.
13Мавнете со срповите, зашто зрело е житото; одете, слезете, зашто полна е кацата и бочвите се преполнети, оти злобата им е голема.
14Групи, групи во долината на судот! Оти близу е денот Господен во долината на судот.
15Сонцето и месечината ќе потемнат, и ѕвездите ќе го изгубат својот сјај.
16И ќе загрми Господ од Сион и ќе го испушти гласот Свој од Ерусалим: ќе затреперат небото и земјата; но Господ ќе му биде заштита на Својот народ и одбрана за синовите Израилеви.
17Тогаш ќе познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог, Кој живее на Сион, на Мојата света гора; и ќе стане Ерусалим светиња, и нема повеќе туѓинци да минуваат низ него.
18И, ете, во тој ден, во тој ден од горите ќе капе вино, а од ридовите ќе потече млеко, и сите долини јудејски ќе се преполнат со вода, а од домот Господен ќе се појави извор, и ќе ја напојува долината Ситим.
19Египет ќе стане пустиња и Едом ќе стане пустиња, бидејќи тие ги измачуваа синовите Јудини и проливаа невина крв во земјата нивна.
20А Јуда ќе живее вечно, и Ерусалим – од род во род.
21Јас ќе ја измијам крвта нивна, која уште не сум ја измил, и Господ ќе живее на Сион.

Селектирано:

Јоил 3: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност