Амос 1
MK1990

Амос 1

1
За казните на соседите Израилеви.
1Зборовите на Амоса, еден од пастирите на Текоја, што ги чува во видение за Израилот во деновите на јудејскиот цар Озија, и во деновите на јудејскиот цар Јеровоам, синот Јоасов, две години пред потресот.
2И рече тој: Господ ќе загрми од Сион и ќе го пушти гласот Свој од Ерусалим, и ќе се расплачат куќите пастирски, и ќе се исуши врвот на Кармил.
3Така вели Господ: за трите престапи на Дамаск и за четирите нема да го поштеди, зашто го вршеа Галад со железни орудија.
4Ќе пуштам оган во домот Азаилов, и тој ќе ги проголта дворците на Венадад.
5Па ќе ги разбијам резињата на Дамаск и ќе ги истребам жителите од долината Авен, и оној, што држи жезал, од домот Еденов; народот Арамејски ќе отиде во ропство во Кир, вели Господ.
6Така вели Господ: за три престапи на Газа и за четири нема да ја поштедам, зашто тие ги одведоа сите во ропство, за да му ги предадат на Едома.
7И ќе испратам оган во ѕидовите на Газа и тој ќе ги проголта дворците нејзини.
8Па ќе ги истребам жителите на Азот, и оној, што го држи жезалот во Аскалон, и ќе ја свртам раката Своја против Екрон, и ќе загине остатокот на Филистејците, вели Господ.
9Вака вели Господ: за трите престапи на Тир и за четири нема да го поштедам, зашто тие му ги предадоа на Едома сите заробеници, и не се сетија за братскиот сојуз.
10Ќе пратам оган во ѕидовите на Тир, и тој ќе ги проголта дворците негови.
11Така вели Господ: за трите престапи на Едома и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги гонеше браќата свои со меч, ги погази родбинските чувства, беше свиреп во гневот свој и секогаш ја држеше јароста своја.
12Ќе испратам оган врз Теман, и тој ќе ги проголта дворците на Восор.
13Така вели Господ: за трите престапи на синовите Амонови и за четири нема да ги поштедам, бидејќи тие ги расекуваа бремените жени во Галад, за да ги прошират границите свои.
14И ќе запалам оган во ѕидовите на Рава, и тој ќе ги проголта дворците нејзини со врисок во денот на бојот и со виор во денот на бурата.
15И ќе отиде царот нивни во ропство, тој и кнезовите негови заедно, вели Господ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2017
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2017

Дознај повеќе за Свето Писмо (Гаврилова) 1990