Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јоил 2

2
Позив на покајание. Светиот Дух.
1Трубете со труби на Сион и викајте на Мојата света гора; нека треперат сите жители земни, оти настапува денот Господен, бидејќи е близу,
2денот на темнина и мрак денот облачен и маглив: како зората ќе се шири по горите многуброен народ и силен каков што немало од векот и каков што не ќе има потоа од род во род.
3Пред него оган ќе голта, а зад него пламен ќе пали; пред него е земјата како Едемска градина, а зад него земјата ќе биде опустошена како пустиња, и за никого од него нема да има спас.
4Изгледаат како коњи, потскокнуваат како коњаници,
5скокаат преку горските врвови како со тропот од коли, како праскот од огнен пламен, кој гори слама – како силен народ построен за борба.
6Штом ќе се појави, ќе затреперат народите; лицата на сите ќе им пребледат.
7Како борци ќе трчаат и како храбри борци ќе се искачуваат по карпите, и секој ќе си оди по својот пат и нема да се отстранува од патот свој.
8И нема да се притискаат еден со друг, а ќе паѓаат врз копја, но ќе остануваат неповредени.
9Ќе трчаат по градот, ќе се искачуваат по ѕидовите, ќе влегуваат во куќите, ќе влегуваат и низ прозорците како крадачи.
10Пред нив ќе се потресе земјата, ќе се расклати небото, сонцето и месечината ќе потемнат, а и ѕвездите ќе ја изгубат светлината своја.
11И Господ ќе го пушти гласот Свој пред Својата војска, зашто силата воинствена Негова е многу голема, и силен е оној што ќе ја извршува волјата Негова; оти голем е денот Господен и многу е страшен, и кој ќе истрпи?
12Но и уште сега вели Господ: обрнете се кон Мене од сѐ срце со пост, плач и ридание.
13Раскинете ги срцата свои, а не облеката и обрнете се кон Господа вашиот Бог: зашто Он е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостив и сожалува за злото.
14кој знае дали нема да се смили и дали ќе остави благослов: лебен принос и прелив за Господа, вашиот Бог?
15Затрубете со труба на Сион, наредете пост и објавете свечен собир.
16Соберете го народот, свикајте собир, поканете ги и старците, соберете ги децата и цицалчињата; нека излезе младоженецот од својата одаја и невестата од својата горна одаја.
17Меѓу тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, служителите на Господа и нека велат: »Смилувај се, Господи, над народот Свој, не предавај го наследството Свое на срам, та да не се подигруваат со него народите! Зошто меѓу нив да се зборува – каде е нивниот Бог?«
18Тогаш Господ ќе поревнува за земјата Своја, па ќе се смили и на народот Свој.
19Тогаш ќе одговори Господ и ќе му рече на народот Свој: »Еве, Јас ќе ви пратам леб, вино и елеј, и ќе се наситите со тоа, и нема повеќе да ве предавам на поруга пред народите.
20И непријателот од север ќе го мавнам и ќе го протерам во безводна и пуста земја – предната сила – во источното море, а задната – во западното море, и ќе се крене омразата од него, и ќе се почувствува смрдеа, зашто тој беше направил големо зло.
21Не бој се, земјо; радувај се и весели се, зашто голем е Господ и може да го направи тоа.
22Не бојте се ѕверови полски, зашто пасиштата на пустињата ќе се наполнат со трева, дрвјата ќе го дадат својот плод, смоквата и лозјата ќе ја покажат својата сила.
23А и вие, чеда Сионови, радувајте се и веселете се во Господа, вашиот Бог; оти Он ќе ви дава умерен дожд, па ќе ви праќа дожд – дожд ран и дожд доцен, како и порано.
24И ќе се наполнат гумната со жито и ќе се преполнат бочвите со гроздов сок и со елеј.
25И ќе ви надоместат за оние години, кога испојадоа сѐ скакулците, црвите, бумбарите и гасениците – Мојата голема војска што ја пратив против вас.
26И до наситка ќе јадете и ќе се наситувате и ќе го славите името на Господа, вашиот Бог, Кој пред вас изврши големи чудеса, така што Мојот народ нема да се посрами довека.
27И ќе познаете дека Јас сум меѓу Израилот и дека Јас сум Господ, вашиот Бог, и дека нема друг, и Мојот народ нема да се посрами довека.
28И, ете, потоа ќе излеам од Мојот Дух врз секоја плот, и синовите ваши и ќерките ваши ќе пророкуваат; старците ваши ќе сонуваат соништа и младите ваши ќе гледаат виденија.
29А и врз слугите и слугинките во оние денови ќе излеам од Мојот Дух.
30И ќе покажам знаци на небото и на земјата: крв, оган и столбови од дим.
31Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината – во крв, пред да настапи денот Господен, великиот и страшниот.
32Тогаш секој, што ќе го призовува името Господово, ќе се спаси; бидејќи на гората Сион и во Ерусалим ќе има спасение, како што вели Господ, а и по другите места, што ќе ги повика Господ.«

Селектирано:

Јоил 2: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност