Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 1

1
Потеклото на Јова, неговото богатство и неговата богобојазливост.
1Имаше еден човек во земјата Уз, по име Јов; тој човек беше непорочен, праведен, богобојазлив и го одбегнуваше злото.
2И му се родија седум синови и три ќерки.
3Имотот му беше: седум илјади овци, три илјади камили, петстотини рала волови, петсоттини ослици и мошне многу слуги; и тој човек беше најпрочуен меѓу сите синови на Исток.
4Синовите негови се собираа и приредуваа гозби секој во домот свој, на својот ден, а ги покануваа и трите свои сестри да јадат и да пијат со нив.
5Кога завршуваа дните на гозбите, Јов ги повикуваше, та ги советуваше, и станувајќи изутрина рано, принесуваше сепаленици по бројот на сите нив и едно теле за грев на душите нивни. Зашто Јов велеше: можеби синовите мои згрешиле и го навредиле Бога во срцето свое. Така постапуваше Јов во сите такви денови.
6Еден ден дојдоа синовите Божји за да застанат пред Господа; меѓу нив дојде и сатаната.
7И му рече Господ на сатаната: »Од каде дојде?« А сатаната му одговори на Господа и рече: »Одев по земјата и ја обиколив.«
8И Господ му рече на сатаната: »Обрна ли внимание на мојот слуга Јов? Оти на земајта нема таков како него: човек непорочен, праведен, боговојазлив и кој го одбегнува злото.«
9Му одговори сатаната на Господа и рече: »Зар попусто Јов е богобојазлив?
10Не го огради ли Ти него и куќата негова наоколу и сѐ што има тој? Ти ги благослови делата на рацете негови, стадата негови се шират по земјата;
11но пружи ја раката Своја и допри се до сѐ што е негово, ќе Те благослови ли тогаш.«
12И му рече Господ на сатаната: »Еве, сѐ што е негово, е во твоја рака; само врз него не кревај рака?« – И си отиде сатаната од лицето Господово.
13Еден ден синовите и ќерките на Јова јадеа и пиеја вино во куќата на првородениот брат свој.
14И ете, доаѓа известувач при Јова и вели: »Воловите ораа и ослиците пасеа покрај нив,
15кога Савејците нападнаа и ги отераа, а момоците со остар меч ги погубија; избегав само јас за да ти јавам.«
16Додека уште говореше, дојде друг и вели: »Оган Божји од небото падна, ги изгори овците и момоците и ги голтна; и побегнав само јас, за да ти јавам.«
17Додека тој говореше, дојде трет па вели: »Халдејците, наредени во три чети, нападнаа на камилите и ги отераа, а момците со остар меч ги погубија; само јас избегав, за да ти јавам.«
18И додека тој уште говореше, се појави друг и рече: »Синовите и ќерките твои јадеа и пиеја во куќата на првородениот брат свој;
19ете, дувна силен ветар откај пустињата и ги зафати четирите агли на куќата; куќата се урна врз децата и тие умреа; се спасив само јас, за да ти јавам.«
20Тогаш Јов стана, ја раскина горната облека, ја острига главата своја и падна на земја, па се поклони
21и рече: »Гол излегов од утробата на мајка ми, гол и ќе се вратам. Господ даде, Господ го зеде; како што му беше угодно на Господа, така и станува. Нека е благословено името Господово!«
22Во сето тоа Јов не згреши и ништо неразумно не изрече за Бога.

Селектирано:

Јов 1: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност