Тогаш Јов стана, ја раскина горната облека, ја острига главата своја и падна на земја, па се поклони
и рече: »Гол излегов од утробата на мајка ми, гол и ќе се вратам. Господ даде, Господ го зеде; како што му беше угодно на Господа, така и станува. Нека е благословено името Господово!«
Во сето тоа Јов не згреши и ништо неразумно не изрече за Бога.