Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 4

4
Сиромавиот нема утеха, трудољубивиот нема мир, па ни царот не е сигурен.
1Се свртив и ги видов сите неправди, што стануваат под сонцето; и ете, солзите на она онеправданите, а утешител немаат силата е во рацете на клеветниците, а закрилник нема.
2Па си реков: блазе им на умрените, што умреле одамна, отколку на живите, што живеат досега;
3а поблажен е и од едните и од другите оној, што уште не постои, кој не ги видел лошите работи, што се вршат под сонцето.
4А видов исто, дека секој труд и секој успех во работите предизвикува меѓу луѓето заемна завист. Но и тоа е суета и мака за духот.
5Глупавиот седи со скрстени раци и го гризе своето сопствено тело.
6Подобро една рака во мир, отколку две со труд и мака во духот.
7Се свртив и видов друга суета под сонцето:
8човек осамен, нема друг; нема ни син, ни брат, а пак на сите работи негови крај нема, и очите негови не можат да се наситат со богатство. »За кого, пак, – вели тој – се трудам и ја лишувам од добра душата своја?« – Ете, и тоа е суета и лоша работа.
9Подобро им е на двајца, отколку на еден, бидејќи имаат добра награда за трудот свој.
10Зашто, ако паден едниот, другиот ќе го крене другарот свој. Но тешко на еден, ако падне, ќе нема друг, кој да го крене.
11Исто, кога лежат двајца, топло им е; а еден – како ќе се згрее?
12И, ако некој го надвие едниот, тоа двајца ќе го навасаат, и јажето, трипати усукано, нема лесно да се скине.
13Подобар е младич сиромав и умен, отколку цар – неразумен и стар, кој веќе не умее да прима совети;
14зашто младичот може да излезе од темница и да стане цар, иако се родил сиромав во царството.
15Ги видов сите живи, што одат под сонцето, се потпираат на младич што ќе го наследи неговото место.
16Број немаше сиот оној народ, што беше пред него, иако подоцнежните нема да му се радуваат. И тоа е суета и мака во духот.
17Чувај ја ногата своја, кога одиш во Божјиот дом, и биди готов повеќе да слушаш, отколку да гледаш како безумните принесуваат жртви; зашто тие не знаат, оти вршат зло.

Селектирано:

Проповедник 4: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност